Црква „Свети Георгиј“, село Тројаци
Црквата „Свети Георгиј“ во село Тројаци претставува трикорабна базилика, со полукружна апсида од надворешната и од внатрешната страна. Подигната е во 1838 година, а живописана е во 1850 година. Во 1892 година дограден е отворен трем на западната страна.
Коментирај