Црква „Света Троица“, село Ропотово
Црквата „Света Троица“ во село Ропотово е еднокорабна градба, со полукружна апсида, која однадвор е расчленета на пет плитки ниши.
Подигната е во 1859 година и осветена е од Пелагонискиот митрополит Бенедикт.
Внатрешноста на црквата е живописана од браќата фрескописци Димитриј, Ефтим и Ѓорѓи од село Гари, Дебарско.
Коментирај