Црква „Рождество на Пресвета Богородица“, село Штавица
Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ е еднокорабна, со полукружна апсида на источната страна, која надвор е расчленета на осум слепи ниши. Северниот и јужниот ѕид се со пиластри и се расчленети на плитки ниши. Изградена е во 1881 година.
Црквата е изградена благодарение на парохискиот свештеник Анастас Налетоски, а осветена е од Пелагонискиот митрополит Бенедикт.
Коментирај