Calvatia gigantea (Голема ќелава пуфка)

Calvatia gigantea (Голема ќелава пуфка)

Calvatia gigantea (Голема ќелава пуфка) е вид на јадлива сунѓереста габа.
На почетокот од созревањето месото и обвивката се бели.
Таа е широко распространета низ територијата на Македонија и е познат деликатес но ако не се зготви или конзервира за 24 часа пожолтува и не е употреблива за јадење.
Исто така е докажано нејзиното лековито дејство како антибиотик а откако ќе созрее нејзините спори помагааат за побрзо заздравување на раните.
Кога ќе созрее Пуфката ги растура нејзините спори преку пукнатините кои се направиле при притисок или од паѓањето на дождовните капки . Најголемата тежина на една голема пуфка е околу 10 килограми а максималниот дијаметар е околу 80 сантиметри но во ретки случаеви достигнува и поголеми размери.
Пуфката се сретнува во лето и есен по градини, паркови и пасишта во близина на листопадна шума.
Поради импресивните димензии, тешко се помешува со другите видови на печурки.
Нејзините спори содржат хемиски соединенија од групата на пеницилинските антибиотици и имаат антимикробно и антибактериско дејство.

Нема Коментари

Коментирај