Божидар (Даре) Џамбаз е македонски партизан и деец на НОВМ. Роден е на 1 октомври 1911 година во Прилеп.
Во 1935 година завршил Фармацевтски факултет во Загреб. По започнувањето на Втората светска војна влегол во редовите на НОВМ. Набргу потоа бил заробен и во периодот од 1942/43 бил интерниран во Бугарија. Станал делегат на Второто заседание на АСНОМ и на Третото заседание на АСНОМ.
Паралелно учествувал во Првата јазична комисија на АСНОМ. Меѓу 1946 и 1951 година бил министер во Владата на Лазар Колишевски. Во 1953 година станал министер во Владата на Љупчо Арсов.
Џамбаз е еден од основачите на Републичкиот Црвен крст на Македонија и бил негов претседател до својата смрт во 1981 година.
Божидар (Даре) Џамбаз почина на 27 јануари 1981 година во Скопје.
Коментирај