НЕ ЗА СКУЛПТУРА
Боро Митриќески:
ВО НАЈСКОРО BPEME ЌE ПРОДОЛЖАМ СО РИБОЛОВОТ
- OCEM CKУЛПТУPATA ШТО НАЈМНОГУ САКАТЕ?
Осем уметноста, има толку прекрасни нешта во кои човек може да најде задоволство, одмор, освежување, по кое може повторно да и се врати на својата работа за жал, последниве години малку време имам за тоа.
- Моментно сум ангажиран околу доградувањетo на моето ателје. Но, не се помали и обврските во семејството Имам два сина. Морам да ги бранам од нивните „улави“ (14 и 12) години. Во овој момент татковото внимание, чинам, им е наjпотребно.
- Но, никако не мислам да се откажам од мојот најстар хоби – риболовот. Само страстниот риболовец може да знае какво е доживувањето кога ќе се улови пастрмка во планинска река. А за гозбата што следи потем, а таа трае цели два дена, да не зборувам. Aкo дpyштвото е комплетно, доживувањето е мошне убаво.
Со задоволство ги паметам деновите минати на Радика со покојниот Томо Владимирски. Неговата голема желба беше да има викендица на Радика. За жал, ја доби премногу доцна. Народинот одбор во Гостивар имаше идеја да ја додели на Друштвото на ликовните уметници на Македонија за рекреативни цели. Што стана со таа убава замисла, не знам. Ако таа не се реализира, мислам ќе биде загуба за нас, уметниците.
Инаку, уште годинава ќе почнам со моето рибарење.
К. Ч.
Објавено во „Починка“ бр. 60 од 24.VI.1972
Коментирај