Борко Петрески – Симоно

Борко Петрески – Симоно

Борко Петрески – Симоно е роден 1917 година во Прилеп, во Варошко маало.

По завршувањето на основното образование, почнал да го изучува чевларскиот занает кај Петре Модерното, каде што го усовршил својот занает, а подоцна се вработил и во Монополот. Пред војната играл фудбал за СК „Викторија“. Во 1939 година заминал на отслужување на воениот рок во Југословенската кралска морнарица. По враќањето од војска во 1940 година учествувал во Илинденските демонстрации, поради што одлежал 15 дена затвор. По излегувањето од затворот активно се вклучил во КП.

По окупацијата на 11 јули, учествувал во растурањето на првиот антифашистички леток во Прилеп, поради што утрото на 13 јули бил уапсен со уште неколку активисти, но поради немање на докази против нив набрзо бил пуштени. На 8 Септември 1941 година, по претходно поставена задача од МК, заедно со Лазо Филипоски-Лавски, Ѓоре Велкоски-Стрелката и Гиго Менкароски-Магарето, со велосипеди заминале до Гостиражни, каде што Борко останал да ги чува велосипедите, додека другите тргнале пеш кон тунелот кај Богомила, со цел да ги извидат условите за негово понатамошно минирање. Пред тунелот биле запрени од бугарскиот стражар, при што Лазо Филипоски со пиштол го убил стражарот, а Ѓоре Велкоски, пукајќи со пушката од убиениот војник, им држел отстапница на своите другари. Под прикрила на квечерината борците безбедно се вратиле во Прилеп.

За ова дело на 14 ноември 1941 година на судскиот процес организиран во Битола Гиго Менкароски-Магарето, Лазо Филипоски-Лавски и Ѓоре Велкоски биле осуден во отсуство на смрт со бесење, а Борко Петрески, кој претходно бил уапсен за време на полициската акција по 11 октомври, како непосреден учесник во востанието бил, осуден на затворска казна од 12 години и 6 месеци.

По ослободувањето работел во ЈНА, бил комесар на бригада и имал чин мајор.

Нема Коментари

Коментирај