Бојан Биолчев

Бојан Биолчев

Бојан Биолчев е роден 1870 година во Прилеп.

Како ученик се школувал во Солунската машка гимназија „Свети Кирил и Методиј“, каде што другарувал со Гоце Делчев и се приклучил во редовите на ВМОРО. Во 1897 година се спротиставил на српската пропаганда во Прилеп, а по отворањето на српското училиште заминал во Бугарија.

Учествувал во Аферата Мис Стоун, при што му биле доверени на чување 1000 лири од откупот.

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, бил доброволец во Македонско-одринското ополчение и служел во чета на 6-тата охридска дружина. Како доброволец учествувал и во Првата светска војна. По војната се населил во Софија и станал активен член во Илинденската организација.

Загинал во сообраќајна несреќа во близина на Пловдив во 1933 година.

Бојан Биолчев е дедо на Бојан Биолчев, бугарски филолог и ректор на Софискиот универзитет.

Нема Коментари

Коментирај