Благоја (Блаже) Чалата – Прилепска хармоникашката легенда
Чалата во Прилеп оформил и свирел во повеќе оркестри, од кои позначајни се оркестарот „Распеани Прилепчани“, дружината со Шиндејца, Патата и Борка Тутунџија, а на времето свирел и со Стево Теодосиески (сопругот на Есма), кој од Чалата ја присвоил идејата да зема мали надарени ромчиња, да ги обучува и да се грижи за нив во кругот на неговото семејство.
Чалата имал неколку такви „проекти“, кои ги одгледал и обучил во квалитетни музичари. Најпознат од нив бил Илман (Иле), кој покрај тарабука изучил и берберски занает кај Цандарот на автобуска и сега е голем газда во Швајцарија.
Димче Блажески-Чалата
Коментирај