БОРАЧКИ КЛУБ „1 МАЈ“ – ЦРНИЛИШТЕ
Иницијативниот одбор при МЗ во с. Црнилиште, на основачаката конференција одржана на 15 април 1981 година, донесува одлука за формирање на боречки клуб „1 мај“.
ЗАПИСНИК
на состанокот на иницијативниот одбор за свикување на оснивачко собрание. Иницијативниот одбор го предводи следниот дневен ред:
- Формирање на боречки клуб во с. Црнилиште.
- Разно.
По првата точка зеде збор Абдулоски Алибраим кој рече дека во с. Црнилиште има голем број на младинци кои се многу заинтересирани за борачкиот спорт, поради што мислам дека се исполнети најнужните услови за основање на боречки клуб во с. Црнилиште.
Потоа зеде збор Салиоски Зија кој рече дека го дели мислењето на првиот дискутант, нагласувајќи дека со оснивањето на боречкиот клуб, спортскиот живот на младите ќе се збогати.
Бесимоски Нафис рече дека во с. Црнилиште порано постоел борачки клуб кој постигнал неколку големи успеси, така што четворица негови членови биле редовни репрезентативци на Југославија, а еден негов борач бил балкански шампион.
На крајот да заклучиме дека сите присутни на состанокот беа согласни со мислењата на дискутантите да се формира борачки клуб.
По втората точка зеде збор Ибраимоски Сулејман кој рече, надоврзувачќи се со првата точка што побрзо да се одржи состанокот на оснивачкото собрание.
Бајрамоски Бајрам предложи борачкиот клуб да го носи името „1 мај“.
Со овој предлог сите присутни на состанокот беа согласни така што овој предлог едногласно се усвои.
Членови на иницијативниот одбор:
- Абдулоски Алибраим – Претседател
- Салиоски Зија – Секретар
- Амзоски Лутфи – Потпретседател
- Асаноски Исмаил - Благајник
- Ибраимоски Сулејман – Член
- Ибраимоски Селадин – Член
- Ибраимоски Сабри – Член
- Бајрамоски Бајрам - Член
- Бесимоски Нафиз – Член
- Бафтироски Назми - Член
- Ибраимоски Ислам – Член
Коментирај