Првата постава на рок-бендот Бен Хур.

Бен Хур

Бен Хур е формиран во 1994 година. Оттогаш, па до 2007 година, бендот го сочинуваа:

Душко Темелкоски – вокал и клавијатури;
Борче Шабаноски – гитара;
Игор Јагуриноски – вокал;
Диме Џагадуроски-Џагата – тапани.

Хитовите на Бен Хур се пејат и денес: „Секс, пиво & rock and roll“, „Пијана, убава жена“, „Весела песна“, „Ноќна мора“, „Жива досада“, „Се ми е сеедно“… Со интересни и ведри хит-рефрени, имаа за цел да го поттикнат интересот на младите за добар рок, а постарите да ги потсетат на минатите добри времиња.

Својот деби албум го имаа во 1995 година, добивајќи номинации во две категории (за албум и продуцент на годината) на тогашната музичка национална манифестација „12 величествени“.

Бен Хур е првата музичка група, која своите хитови ги реализира и во видео изданија. Снимија седум спотови, од кои пет во реализација на НТВ Прилеп, еден е сниман за МТВ, а еден за РД продукција.

Бен Хур имаше и два настапи на фестивалот „Охридски трубадури“ (2004/05) со песните „Икона“ и „Најмила“.

Нема Коментари

Коментирај