Прота Аврам Петров бил еден од претседателите на црковно-училишната општина во Прилеп кога Ќучук Сулејман, со својата разбојничка банда, го силувал свештеникот Цеко од прекуридските села и му ја наполнил свештеничката капа со измет. Поп Аврам тајно донел одлука да му се одмазди на Сулејман за ова невидено злосторство и понижување на свештеничката чест. Собрал 12 млади и храбри момчиња од Прилеп и околината. На чело на дружината биле Спиро Црне од Дабница и Ѓоргија Лажот.
Разбојничката банда ја пронашле во Дренската планина, па на Илинден, 1880 година, ги убиле сите.
Поп Аврам Петров ги помагал семејствата на сите оние комити, кои оставиле незгрижени деца, вдовици и родители.
ПРОКЛЕТИОТ ЧУЧУК СУЛО (Преземено од „Македонски народни преданија„)
Во некои села од Тиквешијата и во селата Дрен, Смолани и Царевич, Прилепско, во турско врема ајбашувал Чучук Cyлejмaн, познат кaj народот како Чучук Суло. Чучук Суло бил проклет и лош Турчин. За се барал од селаните бедел. Барал данок. Бил ненаситен. Со тие пари што ги собрал од селаните купил чифлиг во село Долнени. За чифлигот од селаните барал големи даноци, кое може да се види и од народната песна:
Качак излегол Чучук Сулејман,
Качак излегол низ дренски Планини,
Низ Дренски Планини, горе Србиново,
Горе Србиново, таму на бачило.
Toj си слегол во село Дреново,
И и собрал сите селани,
Сите селани од трите села:
Дренци, Смоланци и Царевичани
И и наредил во црквени дворце,
Па им вели Чучук Сулејман:
Oj, вие селани: дренци, смоланци и царевичани,
Чифлиг сум купил во село Долнени,
Таму се раѓа белана пшеница,
Пет пари капар jac не сум дал,
бедел ке ви фрлам на трите села,
Кому две лири, кому три лири,
А на Ѓорѓија Лажо шеснajce лири,
А на Диме Пурче дванајсе лири.
Со селаните бил и Ѓopгиja Лажо. На Ѓopгиja Лажо око не му трепнало од Чучук Сула. Toj со умот си велел: „Чекaj, ке видиш, море Чучук Суло, jac ке ти платам за сё!”
Ѓopгиja Лажот и Спиро Црне станале комити во Дренската Планина. На патот по кој минал Чучук Cyлejмaн фатиле еден ден метерис. Тоа било во летно време. Чучук Сулејман слегувал од едно бачило. Обајцата го начекале и му ги навртиле пушките. Чучук Сулејман застанал и тогаш рекол:
- Аман, бре браќа, Hемој да ме отепате!
- Aj, не бери гајле!
На Чучук Cyлejмaнa му ги врзале раците и тргнале спрема бачилата. Тогаш Ѓopгиja Лажо му рекол:
- Чучук Cyлejмaнe, сега ке ти се качам на рамо да ме поносиш на угорнициве. Горе на бачило ке ти платам бедел за чифлигот што си го купил во село Долнени.
Видел, невидел Чучук Суло се наведил, Ѓopгиja Лажо му се качил на рамо. На угорниците Чучук Суло, стенкал, стенкал. Видел зорт. Стенкал како некој стар и дооден вол. Се испотил, станал жива вода. Едно време побарал малку да се одмори. Се одморил и си ja избришал потта. Тогаш Ѓopгиja Лажо слегол и на Cyлejмaнa му рекол:
- Чучук Cyлejмaнe, почекај малце, jac ке те избришам од потта.
Ѓopгиja Лажо ги собул опинците.
Опинците биле потковани со бруке. Со еден од опинците поминал неколку пати по лицето на Чучук Суло. Од лицето почнало да му течи крв. Чучук Суло само офкал и стенкал. По некое време пак Ѓopгиja Лажо му се качил на рамо. Слегол дури на бачило, Чучук Cyлejмaн бил калдисан. Го испружиле на земја и ножот му го закачиле.
За убиството на Чучук Сулејман народот испеал и песна :
ЃОРЃИ ЛАЖОТ И ЌУЧУК СУЛЕЈМАН
Испадна Ќучук Сулејман,
Ќучук Сулејман качак да оди,
пари да збира село Долнени,
на село да седи кафе да пие.
Та што ми појде во град Битола,
во град Битола, кај валијата,
имза да даде, имза да земе:
Што ќе утепа, да не се бара,
кој ќе го убие, да не го барајат.
Та ми отиде Дренско, Смоленско,
та ми ги собра сите дреновчани,
сите дреновчани и сите смоленчани,
та ми ги мачи и ми ги суди,
вршник на глава,море, му клава,
вршник на глава, спици под нокти,
та ми ги пита и распитва:
“Дали ви текнува зошто ве мачам?
Да ми зберете триста ока маст,
да ми зберете триста ока мед,
да ги занесете во града Прилепа,
за да ги јадат моите деца.
” Бог да го убие Иљо Дреновчанче,
тој ми отиде во града Прилепа
да ми го бара тој Ѓорѓи Лажот,
тој Горѓи Лажот и Црни Аце.
Та си ги нашол и вака им вели:
„Горѓи бре Лажот, и ти, Црни Ацо,
дерман немаме од Ќучук Сулејман.”
Тогај изговори Ѓорги бре Лажот:
„Лесно ќе ја биде и таја работа!”
Пари ми собра тој Ѓорѓи Лажот,
сос нив си купи до две манзерки,
та ми киниса да ми го бара,
да ми го бара Ќучук Сулејман.
Ми ти го нашол Дренска планина,
Дренска планина, кај бачилата,
скрсноѕе седи Ќучук Сулејман,
песна си пее, сос гитара свире:
„Ми испаднале Горѓи и Ацо,
ми испаднале мене да фатат.
Ако пак јас нив ги фатам,
ако ги фатам, живи ќе ги мачам.”
Се допре Ѓорги малку до него,
прво тргање в десната страна.
Та ми падна Ќучук Сулејман,
тој ми падна, фесот му с’ одвале.
Та ми го кладе Горѓи бре Лажот,
та ми го кладе на негова глава,
та ми се гледа дал’ го прилега,
дал’ го прилега бег да ми биде.
Тогај проговори Ќучук Сулејман:
„Многу те прилега, поубо од мене,
поубо од мене, бре Горѓи Лажот.”
Тогај му вели Горѓи бре Лажот:
„Слушај бре ваму Ќучук Сулејман,
Што ќe ти речам, мен’ да ме слушаш;
Жив да те оставам, да не те кољам,
ќе ти се качам на рамената
да ме изнесеш горе на ридот.
Малку е место, сат и полојна,
ни „оф” да речеш, ни „оф” да кажеш.”
И му се качи, и го изнесе.
Почна да го мачи Ѓорги бре Лажот.
Тогај му веле Ќучук Сулејман:
„Слушај, послушај, Горѓи бре Лажу,
триста лири турски јас си носам,
сите триста тебе ке ти дадам.”
Ѓорѓи нему вака му вели:
„Дељми си носел, уште поарно,
ќе ми исплатиш денгубнината.
А дали знаеш кога ме фати
во тоа село Долно Коњари,
кога ме фати со три ока тутун,
кога ми удри триста ока ќотек?
Ете за тогај јас ќе ти платам!”
И си.стана, глава му отсече.
Коментирај