НТ „Војдан Чернодрински“, 1955-1960
ПовеќеОУ „Кире Гаврилоски – Јане“, генерации 1952-1979
ПовеќеЦрква „Свети Никола“ во Загорани
Манастирската црква „Свети Никола“ во Загорани е еднокорабна, полукружно засводена градба, со полукружна апсида на источната страна со една централна купола. Според теренските испитувања на Јован Трифуноски, старата црква е наоѓала на околу 800 метри оддалеченост од селото, била долга околу 10, а широка 4 метри. Нејзините ѕидови биле од камен и цигли, премачкани со малтер. Околу црквата се наоѓале старите селски гробишта со камени делкани крстови. Оваа црква, од непознати причини, старите селани ја нарекувале „латинска“.
Темелите за новата црква се осветени во 1990 година од Митрополитот Петар. По теренските испитувања на вработените од Музејот во Прилеп, новата црква е градена врз темелите на старата „латинска“ црква. Видливи се вградените антички табли и во градбата на новата црква, а низ дворот се наоѓаат антички столбови, па заклучуваме дека можеби оттука селаните ја нарекувале „латинска“. На источната страна од црквата дограден е трем. Црквата е осветена во 2003 година од Митрополитот Петар.