Атанас Далчев

Атанас Далчев

Атанас Далчев е роден на 12 јуни 1904 година во Солун како второ дете во фамилијата на Христо Далчев, адвокат од Кукуш и Викторија Димшова од Прилеп.

Покрај адвокатската дејност, неговиот татко предавал и Турски јазик во Солунската машка гимназија. Во 1908 година Христо Далчев бил предложен од партијата на Јане Сандански за народен пратеник од Серскиот санџак во турскиот парламент, така што во периодот од 1908 до 1912 година Далчеви живееле во Истанбул, а за време на Балканските војни накусо живееле во Солун и Дедеагач (Александрополис). По краjот на Балканските воjни фамилиjата се иселила во Бугарија и се населила во Софија.

Во Софија Далчев учел во престижната Прва машка гимназиjа. За прв пат неговите стихови „Залези“ се објавени во 1921 година во ученичкиот весник „Фар“. По една година ја завршил Гимназијата и се запишал на Софискиот универзитет, каде што студирал философиjа.

Во наредните години активно објавувал стихови во многу бугарски печатени медиуми. Првиот сопствен зборник го издал во 1926 година, а малку подоцна станал учесник во познатиот литературен круг „Стрелец“. Во периодот 1927-1929 патувал во Западна Европа и посетувал лекции во некои европски универзитети. Се импресионирал од стилот на експресионизмот и се интересирал од модерните трендови во науката, психологиjата и психоанализата.

Во 1941 година бил назначен за директор на Првата прогимназија „Христо Ботев“ во Софија. Во периодот по создавањето на комунистичката диктатура во 1944 година, бил ставен под притисоци од властите и го прекинал пишувањето. До 1952 година се издржувал како преведувач, а потоа почнал работа како редактор во литературни медиуми. Не пишувал до 1956 година, кога се вратил кон сопственото творештво. До краjот на своjот живот издал уште неколку книги со уметност и еден зборник со мали философски фрагменти. Во доцниот период го добил признанието на читателите и власта, а добитник е на редица државни и меѓународни награди. Продолжил да работи и како преведувач на светски класични автори. Одделни книги на Далчев се преведени на француски, словачки, чешки, унгарски, руски, германски, италијански, полски, фински и шпански jазици, а општо неговите творби се преведени на повеќе од 15 jазици. Умрел на 17 јануари 1978 во Софија.

Нема Коментари

Коментирај