Стр.1

Писмо од германскиот војник Антон Мокел, 20 ноември 1917 година

Писмо од германскиот војник Антон Мокел до својата пријателка Елза

20 ноември 1917 година
Канатларци

 

Антон Мокел од Лудвигшафен за време на Првата светска војна, служел како наредник и болничар во резервната болница 1 во Ландау.
Тој бил на служба во Германија, Франција и Македонија. Мокел испратил вкупно 23 писма, кои и ги напишал на својата пријателка Елза во периодот помеѓу април 1917 година и март 1918 година.  

Драга Елза!
Дали сега го примивте моето писмо!? Јас го добив вашиот пакет, за кој повторно се заблагодарувам. За жал, не можам да примам пакет со храна од вас.
Овде каде што сме, има само неколку стари колиби, продавници воопшто не постојат.
Во Русија беше поинаку, има продавници во секој мал град, една до друг. Моите родители исто така ми напишаа дали можат да ми испратат храна, но морав да им го кажам истото.
Да ви кажам драга… Инаку, да бевте овде, ќе сакавте веднаш да си заминете од оваа мрачна област.
Сега скоро секој ден примаме посети од непријателските пилоти, веднаш штом се забележат на повидок, секој што може да трча, трча кон засолништата.
Пред неколку дена беа соборени два непријателски авиони од кои едниот го видовме како се превртува и паѓаше во пламен.
Тука сме активни и во спортот…
Се игра фудбал. Фудбалот ми е најголемо задоволство затоа што претходно го играв многу.

Драга Елза, што има ново? Што се зборува за мир во Германија? Овде многу се шпекулира за мирот. Се надевам дека нема да чекаме толку долго.
За денес немам ништо ново за вас.
Се надевам дека ти и твоите сте добро.
Топло Ве поздравува
Вашиот пријател Тони

Исто така, многу поздрави до вашите.
Ве молам, пишете ми повторно!

Нема Коментари

Коментирај