Ана Александровна Ремига е родена 1982 година во Химки, Московска област, во семејството на уметниците Александар Ремига и Наталија Баженова.
Во периодот од 1997-2000 година се школувала при Вишата школа – Студио при театарот „Арлекин“, под раководство на С. Мелконјан, на Факултетот за уметничка продукција. Од 2000-2002 година студирала при школата – студио при МХАТ на Факултетот за сценарио. Од 2005 година студирала при МГХПУ „С. Г. Строганов“, при Факултетот за Уметничко проектирање на ентериер.
Од 1998 година Ана Ремига е член на Меѓународниот уметнички фонд. Од 1997 година учествува на уметнички поставки, симпозиуми, пленарни средби во Русија и надвор од земјата: Полска (Гдањск) – 2002, Австрија (Милштат) – 2002, Бугарија (Варна) – 2008, Словачка (Мојмировце), Србија (Ваљево, Лебане, Цариброд, Јунакович Бања, Белград), Македонија (Прилеп), Египет (Каиро, Александрија) – 2009, Босна и Херцеговина (Белане) – 2010, Словачка (Комарно) – 2010.
Често своите дела ги изложувала во ЦДХ, Домот на Заедништвото, ВВЦ, Манеже, Московскиот клуб на уметници, здружението на жени-уметници „Ирида“, во Клубот на новинарите во Москва, како и по градовите низ Русија (Сочи, Александров, Киров, Заречниј, Балаково). Самостојни изложби остварила во галериите „Сојуз Творештво“ во 2003 и во библиотеката „А. Гајдар“ во Москва во 2009 година.
Нејзините дела се публикувани во каталозите и проспектите (Салон – ЦДХ 1998, СХ МООСХ-2008, Пролетен салон Манеж-2001, ЦТ „Аквариус“ 2003, 2007, Москва-Ерос 2008, 2009 и др.), кога истовремено се печатени и разгледници.
Ана Ремига е лауреат на VII Артиада на народите на Русија (младинска лига) – 2003.
Има освоено диплома за 1-во место во „Russian art week“ за 2008 година.
Работи во различни техники на живопис и графика (масло, акрил, акварел, цртеж). Нејзини основни теми се театрално-декоративни композиции по мотиви на комедијата дел-арто, циркус, а исто така и архитектурни фантазии. Нејзините индивидуални и лаконски акварели спаѓаат во жанрот на пејсажи и анималистика.
Коментирај