Alkanna noneiformis Grisebach ,(Ајважива) припаѓа на родот од скриеносеменски растенија од фамилијата Boraginaceae, од која се познати 50 видови, распространени главно во Европа, Средоземјето и Блискиот Исток. Кај нас ова растение спаѓа во групата на ендемите кои се многу пошироко распостранети, односно, се јавуваат на два или повеќе локалитети.
Alkanna noneiformis Grisebach во Македонија се среќава на: Бабуна, Бистра, Галичица, Јакупица, Маврово, Прилепско, Скопска Црна Гора, Таорска клисура, клисурата на реката Треска, Водно и Шар Планина.
Фармакогностички значајни податоци на компаративниот вид:
Корен: Црвени пигменти од 5-6 % алканин и негови естри и пиролизидински алкалоиди.
Дејство: атстрингентно, антидијароично, антиоксиодантно
Коментирај