Александар Јанкулоски – Цане, сликар/скулптор
Александар Јанкулоски – Цане е роден во 1936 година во Прилеп. Завршил училиште за применета уметност, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности – отсек сликарство, во Скопје.
Јанкулоски е еден од основоположниците на македонската современа ликовна уметност, најплоден и најпознат македонски енформелист, кој за прв пат во Македонија во 60-тите години на 20 век започнал да слика со несликарски материјали како песок, струготини, горени дрва и бронза.
Овој македонски уметник работи и ѕидно, односно монументално и подеднакво штафеларно-минијатурно сликарство, скулптури, а најпознато негово дело е некрополата во Свети Николе.
Тој е првиот уметник кој во Македонија ја донесе апстрактнта уметност и енформелот.
Јанкулоски изложувал во цела поранешна Југославија, а неговите дела се наоѓаат на сите континенти од Њујорк, Сан Паоло, до Италија, Германија, Белгија, Холандија, Турција и други земји. Тој е основоположник на многу ликовни колонии во Македонија и странство, а за своето творештво е добитник на бројни награди и признанија.
Коментирај