Александар Ежов (Прилеп, 18 ноември 1928 – Скопје, 17 ноември 2014)
Александар Ежов е роден во Прилеп на 18 ноември 1928 година. Гимназија завршил во родното место, а Филозофски факулет, група историја на книжевностите на народите на СФРЈ на Универзитетот во Скопје. Најпрво работел како наставник во прилепската гимназија „Мирче Ацев“, во МНТ во Скопје, во „Вардар филм“, а бил и уредник во Издавачката организација „Македонска книга“ во Скопје.
Бил член на ДПМ од 1958 година. Автор е на голем број критичко-есеистички прилози објавувани на страниците од повеќе весници и списанија, како и на предговори и поговори во одделни книги. Објавувал книжевни и театарски критики од 1949 година во „Иднина“, „Млада литература“, „Современост“, „Хоризонт“, „Нова Македонија“ и други весници и списанија. Бил уредник на „Македонска книга“, како и на списанието „Современост“.
Има објавено и неколку книги преводи: „Моите универзитети“ од Максим Горки, „Детството“ од Лав Николајевич Толстој, “За литературата и уметноста“ од Маркс и Енгелс и др.
Починал во Скопје по долго боледување на 17 ноември 2014 година.
Коментирај