1991: Пред „Дрвомонт“

АД „Дрвомонт“

АД „Дрвомонт“

6 септември 1991 година
„Народен Глас“

ПОУБАВО УРЕДЕН ДОМ

АД „ДРВОМОНТ“ кое практично се основа со
дел од средства од поранешниот „Декор дом“ произведува и монтира градежна столарија, плахари ролетни – квалитетно и поевтино од другите…

Ако не занаевте, можност да разберете.
Од неодамна во нашиот град постои ново акционерско друштво со име „Дрвомонт“. Дејност широка и примамлива, зошто шеесетината вработени во ова акционерско друштво, од кои само за потсетувањее 40 отсто се ментално ретардирани, вршат услуги од видот на внатрешно уредување на просторот во вашиот дом, деловен простор или друг објект, ви нудат стручни совети кои сигурно ќе придонесат да имате што поубаво уреден дом.

И уште нешто…
„Дрвомонт“ кој практично се основа со дел основни средства од ДО „Декор“, како основа за преземање и на вработените од ова друштво со ограничена одговорност во своите два изложбено продажни салони во Прилеп и во Битола ви нуди најразновидни и модерни завеси, теписи, теписони и патеки, детска конфекција и трикотажа и уште многу нешта.
Производството, пак, во ова акционерско друштво подразбира кутии за ролетни, градежна столарија и плахари а наскоро треба да завршат сите работи околу извршувањето и оспособувањето за вршење на монтажа на мебел. Покрај оваа новина, интересно е да се подобри не само квалитетот туку и квантитетот на работите и услугите што се извршуваат, така да во тек е изградбата на хала за производство и магацин со површина од 1200 метри квадратни.
В.Т

Нема Коментари

Коментирај