Првата балканска војна: 10-та прилепска дружина во Кукуш.

10-та Прилепска дружина

10-та Прилепска дружина

Во предвечерјето на Првата балканска војна, на 19 февруари 1911 година, точно 14.670 Македонци се јавиле доброволно да војуваат.
Македонските доброволци „ополченици“ биле снабдени со пушки специјално набавени од Виена, а за нив биле сошиени и посебни униформи и посебен амблем, на кој бил прикажан исправен лав, кој во предните раце држи крст со трибојно знаме на кое пишувало „МО ОП – Македонско-одринско ополчение“. Македонско-одринските ополченици биле организирани во 12 дружини, од кои 10 биле составени само од Македонци од разни краишта на Македонија.

10-тата Прилепска дружина е формирана во Софија, во октомври 1912 година од македонски доброволци под команда на потпоручник Лало Вутов и капетанот од руската армија Владимир Везенков од Крушево, засилена со четата на потпоручник Никола Лефтеров и македонски емигранти од Америка.

Прилепската дружина била вклучена во составот на Третата Македонско-одринска бригада и учествувала во борбите на источниот фронт (Тракија), а во Втората балканска војна учествувала во борбите со Српската војска кај Кочани и Брегалница. Со почетокот на Првата светска војна, македонските добороволци виделе нова шанса за ослободување на Македонија, кога во 1915 година бугарската војска одново влегла во Македонија, а тие масовно се вклучиле во војната и се бореле на страната на Бугарија. Македонската дивизија, во која главно се бореле преживеаните ополченици, емигранти и други војници мобилизирани во Македонија, броела околу 34.000 Македонци.

Нема Коментари

Коментирај