5 мај 2011 година.
Свеченост по повод реконструкцијата на инфраструктурата во СОУ „Орде Чопела.
Во периодот од 2006 до 2011 година е реализиран проектот за реконструкцијата на инфраструктурата СОУ „Орде Чопела“. Променети се надворешните дрвени прозорци и врати со енергетски ефикасни ПВЦ прозорци и врати, реновирани се санитарните јазли, една лабараторија, спортската сала.
Со ново руво се здоби и мини пекарницата, ветеринарната амбуланта, стакленикот и хемиските лабаратории. Внатрешната столарија, подовите, компјутерите, фасадата, надворешната дограма и дел градежни работи чинат 300 илјади евра.
ИПА фондот на ЕУ одвоил четири милиони денари, преку проектот “Техничка поддршка за општински инфраструктурни проекти”. Проектот е финансиран од ИПА фондовите на ЕУ во вредност околу 400.000 евра, вклучувајќи го реновирањето на седум училишта, од кои три средни и четири основни.
На 5 мај 2011 година, во СОУ „Орде Чопела е приредена свеченост по повод реконструкцијата на инфраструктурата во училиштето при што му е доделена благодарница и плакета на градоначалникот Марјан Ристески.
Коментирај