2011 година: Поглед кон Веселчани...

Веселчани

Веселчани:

Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и според пребројувањето на машкото население од 1873 година, Веселчане (Vesseltchané) е посочено како село со 24 домаќинства и 113 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja: Етнографиja и статистика“) оd 1900 година, Веселчани имало 350 жители христијани.

Во почетокот на XX век, Веселчани било егзархиско село. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Веселчани имало 160 христијани егзархисти, а во селото работело и бугарско училиште.

Според пописните податоци од 2002 година, селото имало 98 жители.

За време на Балканските војни еден жител од селото е доброволец во македонско – одринското ополчение.

Нема Коментари

Коментирај