Теодор Капидан (1879-1953) е роден во Прилеп, во влашко семејство.
Основното образование го завршил во родниот град, а потоа продолжил на лицеј во Букурешт. Докторирал на катедрата по филолошки науки при Густав Вајганд во Лајпциг. Започнал да работи како асистент на Балканскиот институт во Лајпциг, а потоа предавал романски јазик при Вишото трговско училиште во Солун (1902-1919).
Од 1924-1937 година водел курс по влашки (аромански) јазик – трансдунавски дијалект при Универзитетот во Клуж-Напока, каде што бил избран за професор, а подоцна и за декан. Од 1928 година бил член-коресподент, а од 1935 година – академик во Романската академија на науките. Во 1937 година постанал професор по романски јазици на Букурешкиот универзитет, а од 1948 година работел во Институтот за лингвистика во Букурешт.
Теодор Капидан е автор на многу монографии на романски, влашки, мегленоромански и истроромански јазик, како и на етнографски научни истражувања.
Коментирај