Значки, амблеми, грбови…
Значката претставува минијатурен знак или симбол, изработен од метал, пластика, стакло или керамика, врз кого има слика или натпис, кој симболизира одреден настан, датум, лице, јубилеј… Значката означува и припадност кон одредена група или движење, или посветеност на некој настан или место. Значките можат да бидат изработени по предлог на државата (ордени и медали), или пак, од физички лица, здруженија, спортски клубови, колективи…
Значките се предмет на изучување на една посебна гранка на науката, која се нарекува фалеристика.
Во оваа галерија, поместена е богата колекција на значки, кои за тема го имаат градот Прилеп, неговите знаменитости, јубилеи, прослави, настани, лица…
Освен значките, во оваа галерија поместени се разни амблеми, симболи, логоа, обележја и грбови поврзани со животот и секојдневието од нашиот град.