Златоврв е планински врв непосредно над манастирот Трескавец, во околината на Прилеп, на планината Злато. Врвот името го добил поради поставениот громобран на врвот. Громобранот користел златна топка за привлекување на атмосферскиот електрицитет. Инаку и самото име „Трескавец“ потекнува од фактот што во тоа место има чести и силни грмотевици.
Златоврв – Маркови Кули се протега северно од Прилеп, помеѓу Стара Река и Прилепска Река во североисточниот дел на Пелагонија. Претставува природна целина со површина од 50 км2. Највисок врв Златоврв е висок 1422 м. Златоврв има исклучително природни вредности, а тоа се најразновидните денудациони облици. Овие вредности според бројноста, манифестацијата и изразеноста на Златоврв претставуваат раритетна појава, која ги надминува и балканските граници. Затоа Златоврв – Маркови Кули е ставен на привремената листа на УНЕСКО во Париз за заштита на природното наследство.
Коментирај