д-р Методија Тројачанец (1897-1981)

Методија Тројачанец (1897-1981)

Методија Тројачанец (1897-1981) е син на Спиро Петров, постариот брат на Ѓорче Петров.

Тој од 1919-21 студирал новинарство во Софија и му бил личен секретар на чичко му Ѓорче Петров. Кога Ѓорче бил убиен, на 28 јуни 1921 година во Софија од бугарскте врховисти, Методија на погребот јавно и гневно рекол дека ќе го одмазди чичко си. Поради изјавата му се заканиле дека ќе го убијат и него, ако не си замине од Софија. Заминал во Берлин, каде што го сменил презимето од Петров во Тројачанец. Таму, во 1928 година, завршил стоматологија.

Д-р Методија Тројачанец во 1929 година ја отворил првата детска забна амбуланта во школскиот диспанзер при Здравствениот дом.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc