Кожарот Енчо со чираците пред својот дуќан.

Кожарски еснаф

Кожарски еснаф

Овчарството и козарството во прилепско било развиено во прилична мера, но и покрај тоа се одгледувале раси на овци и кози со мала млечност кои давале слаб принос на волна, додека најголемиот доход се остварувал со јагнето и јарето.

Покрај развиеното сточарство се јавила и потреба за преработка на кожата која се штавувала во надалеку познатите работилниците во Табана каде што главно се штавувале кожи од ситен добиток а додека кожи од крупниот добиток се штавувале во помали количини.
Овие работилници функционирале се до крајот на Втората светска војна.

Првата кожара како стопанство во Прилеп ја изградила фирмата „Макотекс“ со вложени 10.000.000 динари, чија основна дејност и била преработка на кожа од ситен и крупен добиток, но и за волна.

Подоцна, во делбата на оваа фирма произлегле две фирми – „Црна река“, која работела исклучиво за потребите на кожарата во Битола и го користела овој магацин, а другата е увозно-извозната фирма „Стококооп“, која првиот магацин го направила во тогашната Зоолошка градина, а подоцна во село Мажучиште.

Сите овие фирми подоцна се здружиле во „Магро“ и откако им се одземени со пот стекнатите пари, пропаѓаат.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc