1958: Ѕидање на куќа во Старо Корзо...

Мајсторски (ѕидарски) еснаф

Мајсторски (ѕидарски) еснаф

„На три раце беа мајсторите у нас: ѕидари калдрмаџии; има мајстори пак целата куќа можи да ја напраи- и ѕидаријата и дрвеното и мачканицата; има мајстори што држат дуќани и се викаат ковчегари (столари, дограмаџии).

Алатите од ѕидарите сет: една терезија железна што го мерат ѕидо, друга терезија што го мерат темелот; имаат еден чекан, имаат и една мистрија и една мала; има и една копанка што си носат кал.

А пак мајсторите што ја праат целата куќа, при тие алати има: и пила ракатна (трион), пила со ост’р врв. Со тие две пили сечеа гредите и штиците. А пак откоа излегоа бичкиите, сега со нив сечат. Имаат ќуштере, ренде. Има еден струг што се вика шарка. Имаат и цепач. Имаат и 3-4 сврдлиња и друзи.

Се терезијата мереа мајсторите коа ќе го клаеа темело на ѕидо и на друго место кај што треба. Со истата терезија мереа и чешмеџиите водата коа ќе праеа некоја чешма. Таја терезија е со три ќошиња, долга околу два рупа на сите три страни. На двата ќоша има две куки што се обесуаат на еден сиџим и помеѓу куките во стредето има едно сиџимче што виси надолу прао на ќошо и на крајо има врзано едно куршумче што покажуа пониската и повисоката страна. Терезијата е од туч. Со терезијата чеќија го мерат ѕидо али е прав. Таја терезија е железна, долга околу две педи и широка два прста, врзана со еден јак сиџим. Ѓонијата мерат ќошињата од ѕидо и ји рамнат крајоите од штиците. Со копанката носат кал. Копанката е две-три педи широка, од штици искоана. Со големио чекан кршат големи камења и вадат бруќе коа ќе расипуаат некоја ветва куќа. Со друѓио чекан чукат камењето, коа го праи ѕидо. Со мистријата и малата праи ѕидо со кал и го мачка. Со ќуштерето ‘и рамни крајоите од штиците, а со рендето ‘и стружи штиците, а со шарката и со друзи рендиња ‘и стружи и шари некои штици за тавани и друзи танќи работи. Со сврдлињата дупат гредите и после ‘и коаат со бруќето што ‘и праат Еѓупците, а со сврдлето дупат штиците од таваните и од долапите, кај што ќе се коаат со мали брутчиња наречени шајќи, и тие праени од клинчарите.“

Напишано од Марко Цепенков

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc