1940/50: Чевларски дуќан.

Чевларски еснаф

Чевларски еснаф

Чевларството или кондураџиството е традиционален занает на изработка на обувки, кој денес во огромна мера е потиснат од индустриското производство.

Чевларите (наречени и кондураџии) изработувале низа разни обувки, во кои спаѓаат чевли, чизми, сандали, кломпи, мокасини и др. Овие предмети се прават од кожа, дрво, гума, пластика, јута и други растителни материјали, и често содржат повеќе делови или слоеви за поголема трајност на ѓонот, на кој се зашива кожата.

Како евтина алтернатива за правење на ѓонови, поранешните чевлари користеле и материјал од автомобилска гума.

Чевларските калапи на кои се изработувале чевлите биле железни или дрвени. Додека примитивните чевалрски калапи биле прави, посовремените биле свиткани и оделе во пар: еден за леви и еден за десни чевли.

Кај градските девојки биле популарни чевлите „ујалак“, кои од страните биле извезени со алтун (најлон конец), а градските Турчинки носеле градски роганлии, кои се носеле со каљоши.

Селските роганлии (женски шпицести чевли со дебела и висока потпетица) и машките жолти сандали со ремчиња се продавале во пазарните денови, кога иделе пазарџии од околните села. Тие биле доста популарни во Мариовскиот крај.

Интересно е да се каже дека мариовците, машките жолти сандали секогаш ги купувале 2-3 броеви поголеми, зашто се верувало дека тој што носи поголем број на чевли, крие поголема сила во него.

 

_____________________________________________________________

Пирот, 23 јуни 1935 година 
До 
Спиро Спасевић
Обућар
Далматинска, 33
Прилеп
Вардарска Бановина

Мили ми

…За се ова што ви пишувам, причината је шо сум преуморен. Две години веће уше малку ће сторам од како сум овде затечен под многу тешки услови.
Да је чоек од камен напрајн ће попушчи на ова работа. Оти, освен чоек со работава шо се заморува, и чисто психички се депримира.
Например, јас еве цела година не сум бил дома!
Имам занат, алтан белезија ами еве сега сум аргат – и полошо од аргат.
Како сте вие?
Јас не сум најарен со здравјето…

Средечен поздрав од ваш Сотир.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc