1926: Пано Бакало (Средина) како војник во војската на СХС...

Војската на кралството на СХС – Југославија

Кралската Југословенска војска (КЈВ) била вооруженa силa на Кралството на СХС, (подоцна познато како на Кралството Југославија), од создавањето на државата на 1 декември 1918 година, па се до капитулацијата на 17 април 1941 година.

Создадена по завршувањето на Првата светска војна, Кралската југословенска војска сеуште во голема мера била вооружена со оружје од таа војна, и покрај тоа што била започната модернизација со набавка на чехословачко оружје и воени возила.
Голем број од околу 7000 топови биле застарени и влечени од коњи, додека 4000 топови во тоа време се релативно модерни, вклучувајќи ги и 800 противтенковски топови. Армијата располагала со 1900 современи минофрлачи и 200 противавионски орудија.

Сето ова оружје било увезено од различни земји, што воедно значело дека различните модели барале и начини на одржување, делови, муниција и сл., што во голема мера ја ослабило моќта на КВЈ. Механизираните единици биле распоредени во шест баталјони, два оклопни баталјони по 110 тенкови и шест полкови со моторизирана артилерија.

Тенковските единици на КВЈ во својот состав имале тенкови од моделите: Renault FT-17 од Првата светска војна, во тоа време модерните Renault R35 (54 тенкови) и една независна оклопна чета од чешките тенкови SI-D. Околу 1000 камиони биле увезени од САД, неколку месеци пред инвазијата. Во полна сила, КВЈ имала 28 пешадиски дивизии, 3 коњички дивизии и 35 независни полкови.

Германскиот напад ја дочекал КВЈ неподготвена, при што само неколку единици биле распоредени во областа на одбраната.
Вкупната сила на КВЈ била искористена со околу 70%-90% од предвидените 1.200.000 војници, бидејќи не била целосно извршена мобилизацијата над резервниот состав.

Непосредно пред инвазијата на Југославија, КЈВ на 27 март 1941 година спровела државен удар на старата влада. Во заповедништвото и високата команда на КЈВ доминирале Србите, така што со окупацијата на Југославија голем дел од војската составена од другите народи дезертирала или застанала на страната на силите на Оската.

Во овој албум се поместени фотографии на прилепчани, кои го служеле воениот рок во оваа војска.

ИЗВАДОЦИ ОД ПИСМА НА НАШИ ПРИЛЕПЧАНИ КОИ СЛУЖЕЛЕ ВО ВОЈСКАТА НА КРАЛСТВОТО НА СХС:

Прилеп, 2 февруари 1939 година
До Редов ђак
Ћирило Спасевић
10 чета, 3 батаљон, 25 пешадијски пук
Петровград (Зрењанин)

Мили Кире

„…Сношчи дојде Боне дома и ни кажа оти зел одговор од таткому и му пишал оти требало од страна на баба да се дај молба до Белград, како си по грешка таму и оти си дипломиран фармацевт, и веднаш ће те извикале тије таму кај сите твој колеги.
Тој ни кажа и за Скопје од таткому како треба да се напиши, и Петре је препиша и денеска одма ће прати в Белград. Така требало по законо.
А та молба ће појла до таткому и ће се чудиш што те снашло ко ће те извика, ће се преродиш.
Није летаме од радос.
Боне седе два сати и појће можи, се изнапрајфме муабет. Од се срце и душа сака да ти услужи, се познава.
А каj началников овде уше не је пратена молбата в Битола, ама веруваме овије дена да је прати. Ката стално му наумува на кај Зорић да му реча, та тије се велеле оти сигурно ће се сврши работата, само трпеније да сме имале…“

_____________________________________________________________________

Прилеп, 24 април 1939 година
До Редов ђак
Ћирило Спасевић
10 чета, 3 батаљон, 25 пешадијски пук
Петровград (Зрењанин)

Мили Кире

„Денеска ја зедовме втората карта и алишчата. Се си мислевме дека ће се вратиш, дека си слап, ко не способен.
Ко ја зедовме првата карта, Петре отиде кај Бона да му кажи за тебе и тој многу љубезно се односил. Па тој му рекол оти и тој го зел писмото твоје и му обећал да му пиши на татка му и сигурно веће му има пишано досега.
Тој еднаш многу настојувал за тебе, па да видиме сега шо ће напрај.
Па Петре рече оти утре ќе викнеле седница во опшчина и непречено ће се напрај се што треба за тебе и со инфо ће оди кај чоеко и шторно ће се сврши работа.
Ти само да гледаш да се храниш убо за да се крепиш на здравјето.
Није овде сме многу арни, исто и за тебе молиме Бога демек сите алишча и врајћаш…“

_____________________________________________________________________

Прилеп, 24 април 1939 година
До Редов ђак
Ћирило Спасевић
10 чета, 3 батаљон, 25 пешадијски пук
Петровград (Зрењанин)

Мили Кире

„Вчера ја зедовме картата од 23 и се разбравме што ни пишуваш.
Није бес да ни кажиш, знајме се како је, само Госпо на здравјето да те крепи. Ти не секирувај се, се ће си биди на место.
Сношти имаше седница и за тебе решија се нај убо, и денеска Петре ја предаде (молбата) кај пријатело на Пера и веруваме ће се сврши работава за брго време, оти и на Пера ће му ја фатиме јасолно за да му прогори и тој.

Се нашол Борка со Бонета и зборувале за тебе. Тој му пишал на татка си и сега чекал одговор. Му пишал како можи да напрај да прај ко за сина си. Многу зборувал од срце за тебе, ко за брат. Ја, зато не скндисувајсе оти за брго време ће се среди се.

Разбравме дека некој од војниците се вратиле ко неспособни за привремено, зато и ти побарај си да те прегледа, оти си многу слап па и кажи им оти имаш слабо срце…“

___________________________________________________________________

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc