Василије Трбиќ како четник...

Василије Трбиќ

Василије Трбиќ бил српски четник со потекло од Славонија. Тој е роден во Бело Брдо (Австро-унгарско царство) кај Осиек во 1881 година.

Учел во родното место, а потоа продолжил во Србија. Сакал да се замонаши во манастирот Хилендар, но по убиството на некои грчки монаси во 1902 година, избегал од Света Гора во Врање, каде што се запознал со капетанот Жика Рафајловиќ, кој бил кординатор со српските тајни операции во Македонија. По негова препорака, Трбиќ се вклучил во српското четничко движење во Македонија. Бил строг и суров човек и учествувал во поголемите четнички битки, главно против четите на ВМРО.

Во 1906 година пукал во еден свој сочетник и тешко го ранил, но и покрај тоа останале добри пријатели.
За време на Првата балканска вијна учествува во Кумановската битка каде што е ранет.
Василије Трбиќ е познат во македонската историја како командант на таканаречениот „Вардарски одред“, кој учествувал во задушувањето на Тиквешкото востание дигнато против српските власти на 19 јуни 1913 година. По седум дена од востанието Србите испратиле околу 200 просрпски ориентирани доброволци од Велешка и Прилепска околија, предводени од Василије Трбиќ, а под негова команда се ставиле и четите на Јован Бабунски и Јован Долгачот. Истовремено, по наредба српскиот началник на Кавадаречкиот округ, Душан Николиќ, потурчениот Албанец Јаја-ага вооружил 250 Турци башибозук и му се ставил на располагање на Трбиќ.

Навлегувајќи во тиквешките села, башибозуците на Јаја-ага извршиле невидени ѕверства, безмилосно пресметувајќи се со недолжното население. Немало место во кое не биле извршени мачења и ликвидации. Биле силувани многу жени, а биле ограбени и запалени многу куќи и дуќани.

По задушувањето на Тиквешкото востание српските власти во Кавадарци уапсиле повеќе од 150 граѓани, кои врзани во центарот на градот биле оставени 30 часа на жешкото тиквешко сонце, без вода и храна, кои потоа биле одвлечени надвор од градот, кај месноста Полјаната и заедно со уште 50 други кавадарчани (вкупно околу 200) биле стрелани…

По завршувањето на Балканските војни Трбиќ се населил во Велес.
На 10 август 1914 година на железничката линија меѓу Велес и Градско е извршен неуспешен атентат врз војводите од „Црната рака” Василије Трбиќ, Бошко Вирјанец и Јован Бабунски од страна на четата на Владимир Сланков.
Атентатот не успеал поради тоа што, место вагонот во кој биле српските војводи, бил кренат во воздух еден товарен вагон…
По ова српските војводи, особено кога не можеле да се оправат со четите на Христо Чаушев, Стојан Чочков и Петар Овчаров, со посебна бес се нафрлиле врз незаштитеното и голорако население од левата и десната страна на Вардар, на целиот простор до Демир Капија и Гевгелија…

Трбиќ заедно со: Цеко Марковиќ, Јован Бабунски, Јосиф Гаковиќ, Стефан Келешот, Вангел Јовановиќ, Михаил Борјанец и Михаил Коневиќ е член во т.н „Летнички комитет” со седиште во Скопје.
За време на Првата светска војна, шест месеци под бугарска окупација, вршел разузнавачки акции во Македонија, по што бил откриен од Стефан Петков-Сиркето, началникот на воено-полициската секција во Велес и принуден да пребега во Солун.

За неговата работа од српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ бил одликуван со орденот „Караѓорѓева ѕвезда со мечеви“. По Првата светска војна станал пратеник на Југословенската народна партија, а подоцна и градоначалник на Прилеп. Во тоа време поседувал и чифлик во Браилово.

Со негова дозвола во Прилеп била инсталирана организацијата „Црна рака“, која вршела терористички акции, атентати и ликвидации.
За време на Втората светска војна пребегал во Каиро, а по завршувањето на војната се вратил во Белград, каде што починал во 1962 година.

Неговиот син Миливоје Трбиќ-Војче, за време на Втората светска војна бил водач на србоманските чети во Поречието.

10 коментари

  • Мићко February 4, 2014

    Василије Трбиќ, (војвода Васил велешки) напиша мемоари:
    http://elibrary.matf.bg.ac.rs/handle/123456789/1294
    http://elibrary.matf.bg.ac.rs/handle/123456789/1295

    Книгите се многу интересни и тие содржат многу интересни детали поврзани со Прилеп и Македонија. Тој направи многу добри работи за Прилеп. Меѓу другото, го сподели 1000 хектари земја на семејствата од 300 жртви на бугарските ѕверства за време на војната и на сиромашните прилепчани.

    Respond
  • Мићко February 5, 2014

    Ако тој беше толку лош, како што га опишавте, зошто го тогаш прилепчани на изборите избрале како пратеник за Националното собрание и градоначалникот? Чудна работа … Приложениот напис од весник покажува да се грижаше за луѓе. Ова е евидентно и во неговите мемоари. Тој што се борел против Бугарите е друга приказна.

    Respond
    • PSF February 7, 2014

      Апсурд е еден балкански политичар да се нарече чесен и морален човек… :) Денес по речиси 100 години сме сведоци на политички месетенки, лажирани избори, по некое политочки мотивирано убиство итн. Според сведоштвата на прилепчани Трбиќ бил замешан во сето ова горе наведеново а важел за исклучително итар човек, голем мајтапчија и женкар. Со неговата приспособливост одлично се адаптирал во прилепскиот менталитет. Прилепчани го знаат како таков а за другите не знам…
      За жал дозволил неговиот син да скапува по шумите додека тој заедно со општинските пари ја поминал војната во Египет…

      Respond
    • Константин July 14, 2016

      Тој бил дел од српската окупаторска инсталација во Македонија. Какви избори какви бакрачи во тоа време? Тој се борел против ВМРО и работел за српска кауза. Тој е непријател на Македонија. Македонија за Македонците.

      Respond
  • Dimce Chals November 18, 2014

    Protivkandidat na izborite mu bil Tempo , koj i pobedil pa zaedno so narodo Prilepcki ja proslavuval pobedata . No iz Beograda je stigla depesha – sve kuglice is sanduka Tempovog , prebacite kod Vasilija . I taka Trbich stanal gradski kmet.

    Respond
  • Micko December 23, 2014

    Фала за линкот за мемоарите на Василије Трбиќ. Интересно е што ги наведува имињата на соучесниците во Поречкиот колеж што го спровеле Бугарите над највидните 103 Поречани во 1916. Тоа биле Сребрен од Долно Водно (именуван за срески началник на Брод од Бугарите), поп Мицко од Сланско , Јован и Арсо Локвички. (Арсо Локвички бил неписмен ѕидар на печалба во Романија, војвода на ВМРО, стрелан 1923 како во Соње.) Наведениве ги намамиле и затвориле највидните Поречани во Текијата во Брод и ги опљачкале нивните семејни заштеди со лаги дека животот ќе им биде поштеден ако платат откуп во златни наполеони. Потоа најсурово ги заклале а се закопани во Дервишка нива. Се спасил со чудо Пројко од Белица, кој му ја раскажал работата на Трбиќ.

    Respond
  • гоце January 30, 2016

    Парите од закланите србомани во порече не биле семејни заштеди туку пари опљачкани од недолжното македонско население. Тие биле видни србомани а не видни македонци. Како не заклале уште такви србомани, малку се 103.

    Respond
  • MICKO April 18, 2016

    Поречани тешко го заработувале секој грош оти крајоот е пасивен, и тие што можеле оделе на печалба во Влашко (Романија), Не излегувале надвор од Порече, за некој од нив да биде опљачкан од нив. Напротив, се бранеле од нападите на арнаутските и бугарските банди. Биле со големи симпатии за Србија во која гледале потпора, а не сакале да се побугарчат. ВМРО во тоа време била бугарска организација, за посебна македонска нација воопшто не станувало збор. Целта на ВМРО била обединување со Бугарија преку преодна фаза на автономија. Покрај во Порече Бугарите и бугарашите извршиле колежи и ѕверства и во Долгаец, Гостиражни и Стровја, прилепско, околу 300 души се убиени, во ноември 1915. Ако биле малку 100 души, зошто вие бугарашите цимкате за тие што комунистите ги убиле на скопско Кале, во Струмица, Велес итн после 2 св војна? Ако е убивањево добра работа. И тие според нечие мислење заслужиле, ако е тоа во ред.

    Respond
    • PSF April 19, 2016

      Србите кажале: „Нема бољег Турчина од потурченог Србина…“
      Па така и ние си патиме од денешниве јаничари…

      Во прилог на коментарот од MICKO ги изнесувам цитатите на Гоце Делчев и Јордан Пиперката:

      „Оној што копнее, што работи да ја присоедини Македонија кон Бугарија, Србија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин, Србин и ли за добар Грк, но не и добар Македонец.“

      „Нека не се надева ни Србија, ни Бугарија, ни Грција дека една педа земја македонска ќе добие, зашто за нејзиното ослободување ние крвта ќе ја пролеваме, па не ја даваме на друг, туку наша ќе биде“.

      Ве замолувам следниот пат вакви коментари да си ги пишувате по форуми кои се наменети за големо српско-бугарска пропаганда.

      Respond
  • MICKO April 20, 2016

    PSF Читај убаво, велам во тоа време. Не се однесува на денес. Но треба историските факти да ги прифаќаме без страв и фрустрација. Комунистите селективно и кретивно ја присвоиле историјата на ВМРО, и ги моделирале нивните изјави и дејност како што им одговара. Имало и едни и втори и трети. Зависно од влијанието на соседите. А најсилно влијание и црковно-просветно преку Егзархијата, и оружено преку офицерите во четите на ВМРО имала Бугарија. Цитат од Делчев „“Това ваше разбиране крие в себе си големи опасности за делото – възрази Делчев. – Ние, българите от Македония и Одринско, не трябва да изпущаме изпредвид, че има и други народности и държави, които са много заинтересовани от разрешението на този въпрос; една намеса на България ще предизвика намесата и на съседните държави и може да доведе до разпокъсването на Македония. Ето защо народите, населяващи тия две области, трябва сами с общи усилия и жертви да извоюват своята свобода и независимост в границите на една автономна Македоно-Одринска държава, като разчитаме само на материалната и морална подкрепа на България и на Великите сили”. Денко Малески, Утрински весник, 02.03.2007, ДИЛЕМАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО „Неснаоѓањето на „македонистите“ во услови на демократија, исто така, оди во прилог на визијата на нивните политички противници. Создавањето на македонската нација, без малку половина столетие, се одвивало во услови на еднопартиска диктатура. Во тоа време, и немало разлика меѓу наука и идеологија, па така, македонската историографија, неопонирана од никого, комотно врши селекција на историската граѓа од која што се создавал македонскиот идентитет. Тука не би имало ништо атипично за процесот на создавањето на која било модерна нација, кога не би се правеле и фалсификати од типот зборот „Бугарин“ да се замени со зборот „Македонец“. Таму каде што тоа не било можно, пак, личностите од историјата биле прогласувани за бугарски агенти внесени во некаков замислен чист македонски простор. „

    Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc