27 април 1942 година: Американска регрутациска картичка на име: Peter Yovanoff

Прилепчани од САД во Втората светска војна

Прилепчани од САД во Втората светска војна

За време на Втората светска војна, Македонците како слободољубив народ, масовно се вклучиле во борбата против фашизмот.
Ова не важи само за Македонците од Македонија и Европа туку и нивните сонародници, кои потрагата по подобар живот ги однела преку Атлантикот, исто така зеле активно учество во војната на страната на победничката коалиција.

 

На 7 декември 1941 година, Јапонија ненадејно ја нападнала американската морнаричка база во Перл Харбур, Хаваи, а по четири дена следи објавување на војна од страна на Хитлер. Овие два настани се доволен повод, дотогаш формално неутралните, Соединети Американски Држави и официјално да се вклучат во Втората светска војна.

За време на војната над 16 милиони луѓе од Соединетите Американски Држави служеле во американската војска, а истите биле регрутирани во седум наврати во периодот од 16 октомври 1940 година до 31 декември 1943 година. Меѓу опфатените со овие регрутации има и такви со потекло од Македонија.

Од архивите, кои што неодамна делумно беа отворени за јавноста, ексклузивно Ви прикажуваме дел од овие Македонци, опфатени со четвртата регрутација од 27 април 1942 година, наречена „Old Man’s Draft“ (Регрутација на стариот човек) поради тоа што со неа биле опфатени луѓе на возраст од 45 до 64 години.

Како што може да се види од горе прикажаните картички, тие не ја заборавиле својата родна земја и во полето „Birth State Or Country“ (родна земја) истакнале дека се од „Macedonia“.

Меѓу нив пронајдовме и двајца прилепчани:

Given Name: Jordan
Surname: Angeloff
Birth Date: 19-Jan-1885
Race: White
Birth City: Prelep
Birth State Or Country: Macedonia
State Headquarters: Ohio
State: Ohio
City: Mahoning

Given Name: Peter
Surname: Yovanoff
Birth Date: 16-Apr-1887
Race: White
Birth City: Prilup
Birth State Or Country: Macedonia
State Headquarters: Ohio
State: Indiana
City: Lake

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc