Полковник Димитар Младенов

Полковник Димитар Младенов

Полковник Димитар Младенов е роден на 14 октомври 1895 година во Банско, во многудетното семејство на Марко и Милана Младенови. Имал шест сестри и еден брат. Татко му Марко бил четник во четата на Радон Тодев за време на Илинденското востание и бил еден од шесте преживеани во битката при Годлевскиот Балкан.
За време на Балканската војна (1912-1913), Марко Младенов бил во четата на Христо Чернопеев, кој по завршувањето на војната го препорачал за да биде назначен од генералот Стилијан Ковачев за општински советник на Банско.

Во 1914 година Димитар Младенов се запишал во Военото училиште во Софија.

Участвувал во Првата светска војна, најпрво во Шумен, а потоа бил испратен на Јужниот фронт во Македонија. По завршувањето на војната, кусо време бил воен роб. По ослободувањето од воениот логор се вратил во Бугарија. Бил унапреден во чин мајор.

Во 1944 година (откако Бугарија го прекршила договорот со Германија и преминала на страната на Антифашистичката коалиција), како командир на 15-та пешадиска дивизија во Прилеп, пројавил исклучителна лична храброст и командни квалитети. Оддалечен од татковината, без заповед, влегол во битка со преостанатите германски војски и ги сочувал неповредени доверените бугарски војници.

Во 1948 година бил уапсен под лажно обвинение дека, за време командувањето на војската во Македонија, се командувал во борбите против Југословенските партизански единици, односно против македонските партизани. До пресуда не е дојдено, но бил испратен во логорот Куцијан, а подоцна и во Белене.

Умрел во логорот во Белене при неразјаснати околности, во 1951 година.

Во 1992 година полковникот Димитар Младенов е предложен за постхумно унапредување во чин генерал-мајор но указот не беше потпишан од тогашниот претседател Жељу Желев.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc