1917: Авионскиот ескадрон JASTA 25 главно составен од авионите Roland D.IIа распореден во базата во Канатларци.  Првиот авион лево му припаѓа на асот Gerhard Fieseler

Небото над Прилеп, 1916/18 година

1915 година…

Српското кралство е поразено…

Остатоците од српската армија се повлекуваат во албанските планини, а територијата на Македонија, која претходно била окупирана од Србија, потпаѓа под власт на Централните сили.
Поради воспоставување контрола врз воздушниот простор и непречено набљудување, долж Јужниот фронт се градат аеродроми, каде што се распоредени ловечки групи на авионски ескадрони, составени од 14 до 20 авиони (Königlich Jagdstaffel) популарно наречени JASTA. Во прилепскиот регион е распоредена JASTA 25.

-Прилеп: 28 ноември 1916 до 13 март 1917 година.
-Канатларци: 13 март 1917 до 1 јуни 1918 година.

Авионскиот ескадрон JASTA 25 постигнува успех од 54 воздушни победи, од кои 46 непријателски авиони и 8 набљудувачки балони. Загубите им изнесуваат: 2 пилоти убиени во акција, 2 пилоти загинати во авионска несреќа и двајца повредени при принудно слетување.
Првата воздушна победа ја постигнуваат на 10 декември 1916 година, а првиот пораз е забележан на 18 февруари 1918 година.

Авиони кои се користеле во JASTA 25:
Albatros D. III
Halberstadt D. II
Roland D. IIa

Асови и заверени победи:
Gerhard Fieseler:                 19 победи
Reinhard Treptow:                  6 победи
Otto Brauneck:                     5 победи
Friedrich-Karl Burckhardt:       5 победи
Anton Bauhofer:                    4 победи
Erich Schütze:                     2 победи
Otto Könnecke:                     1 победа

Останатите авиони не се заведени од кого се соборени…

Загуби:
Rudolf Michel (1888 – 25 март 1917)
Josef Grott (1885 – 12 јули 1917)
Georg Engelmann (1895 – 20 јули 1917)
Ludwig Alafberg (1897 – 29 јули 1917)

Команданти во JASTA 25:
Friedrich-Karl Burckhardt: 2 декември 1916 до 1 февруари 1918;
August Rose:               1 февруари 1918 до 11 ноември 1918;

ТИГАРОТ ОД МАКЕДОНИЈА…

Еден од асовите, кои се истакнале на бојното поле на Јужниот фронт, е германскиот ас Герхард Физелер (Gerhard Fieseler).

Герхард Физелер (Der Tiger von Mazedonien) е роден на 15 април 1896 година во Бергхајм, Германија, во семејство на печатар. Во 1915 година се приклучил кон германските воздухопловни сили. Во 1916 година, за време на тренажен лет доживеал несреќа, но и покрај тоа се вратил во службата како пилот–набљудувач.

Во јули 1917 година бил испратен на Македонскиот фронт во ескадронот JASTA 25 кај селото Канатларци.
Во септември 1917 година сериозно се разболува и во периодот од 21 септември до 5 ноември не учествувал во битки.

Герхард Физелер развил сопствена тактика во воздушните битки, така што инсталирал на својот авион заробен англиски митралез „Луис“ (Lewis gun) со кој пукал нагоре под агол од 45°.

За време на својата служба постигнал 19 потврдени и 3 непотврдени победи
Во септември 1918 година влегува во дуел со францускиот воздухопловен ас со 8 победи, поручникот Диумерси Коста (Dieudonné Costes) од ескадронот Spa. 531, по што што французинот се извлекол тешко ранет и принудно слетал, но оваа победа поради лични причини на Герхард Физелер не влегува во списокот на официјални победи.

ПОБЕДИ:

ДАТУМ АВИОН МЕСТО
20 Авг. 1917 _____________ Nieuport 17 (3743) ______ Прилеп
09 Сеп. 1917 _____________ Nieuport Scout __________ Подградец (Неп.)
30 Јан. 1918 _____________ Nieuport 17 _____________ Могила
05 Апр. 1918 _____________ Nieuport 24 (4047) ______ Чаниште
20 Јун. 1918 _____________ SPAD ___________________Маково
05 Јул. 1918 _____________ Nieuport 24 _____________ Прилеп
24 Јул. 1918 _____________ Nieuport Scout __________ Добро Поле
25 Јул. 1918 _____________ Nieuport Scout __________ Градешница
28 Јул. 1918 _____________ Bréguet 14 ______________ Канатларци
04 Авг. 1918 _____________ Nieuport Scout __________ Витолиште
05 Авг. 1918 _____________ Nieuport Scout __________ Градешница
11 Авг. 1918 _____________ Nieuport Scout __________ Воден
16 Авг. 1918 _____________ AR2 ____________________Негорчани
23 Авг. 1918 _____________ SPAD 2 __________________ Витолиште
04 Сеп. 1918 _____________ Bréguet или SPAD 2 ______ Будимирци
09 Сеп. 1918 _____________ Nieuport ________________ Охрид (Неп.)
13 Сеп. 1918 _____________ Nieuport ________________ Витолиште
15 Сеп. 1918 _____________ Nieuport ________________ Дедебалци
18 Сеп. 1918 _____________ SPAD ____________________ Завој на Црна р.
19 Сеп. 1918 _____________ Nieuport ________________ Битола
20 Сеп. 1918 _____________ Bréguet или Nieuport ______ Тројаци

Во Првата светска војна, Герхард Физелер е награден со „Златен воен крст за заслуги“, највисоко признание за подофицер по што е унапреден во чин поручник,
Австриски „Сребрен крст за заслуги со круна“ и со бугарски „Војнички крстови“ од прв и втор степен.

По завршувањето на Првата светска војна се занимавал со конструирање на авиони и со акробатско летање по авио-шоуа низ Европа. Во 1928 година конструирал сопствен авион за акробатски летови Fieseler F1. Во 1930 година неговата компанија го конструирала авионот Raab-Katzenstein RK-26 Tigerschwalbe, од кои 25 авиони влегле во состав на Шведското воено воздухопловство.

Во 1934 година го освоил Светскиот шампионат по акробатско летање во Париз, каде што освоил и 100.000 франци. Во 1935 година неговата фабрика со Луфтвафе направила договор за испорака на авионите Fieseler Fi 156 Storch, модел кој се произвел во периодот 1937—1949 година во 2900 примероци. Во периодот од 1937-1938 година, неговата компанија го конструирала извидувачкиот авион Fieseler Fi 98, од кој се произведени 14 примероци.

Во 1941 година Fritz Gosslau, инжинер од компанијата на Физелер, ја проектирал крилатата ракета Фау-1 (Fieseler Fi 103). До крајот на Втората светска војна компанијата на Физелер произвела околу 30.000 ракети.

По завршувањето на Втората светска војна бил во заробеништво на Сојузничките сили. По пуштањето од затвор повторно се посветил на конструирањето на авионски делови.

Ја издал автобиографијата „Meine Bahn am Himmel“ (Мојот пат кон небото).

Починал на 1 септември 1987 година во Касел. Во негова чест, една фигура во аеробатиката (Акробатско летање) носи негово име.

7 коментари

  • dean December 10, 2011

    bravo za stranava extra e

    Respond
  • mixajlo December 11, 2011

    Ви благодариме. Наскоро следат многу новости!

    Respond
  • Јован April 6, 2014

    Во месноста Ѓеран во Прилеп, Македонија, меѓу селото Варош и селото Коњари ви 1916-1918 година, имало еден таков импровизиран аеродом на Германците. Бидејќи нивите од дедоми се наоѓале блиску, имало често одење и идење на нашите (моите домашни) и Германците. Еднаш еден авион бил погоден од српската артилерија, но пилотот успеал да се врати назад. Пилотот пред тоа бил спријател со дедоми. Многу бил ранет и барал да се види со дедими. При средбата се расплакал и му се обратил да дедоми. „Погрешив што не го послушав таткоми. Тој убаво ми велеше да видам аптекар, или доктор, јас не го послушав, сакав да бидам пилот. И еве до кај ја дотерав работата…“
    Тоа беше последен пат да го видав пилотот. После тоа Бугарите ме зедоа војска и не видов никого од Германците…
    Јован Башески – Скопје.

    Respond
  • Eric Allart January 30, 2016

    Hello. very interesting pictures. I’m french history teacher, I’m working for 8 years on the WWI topic in the Novaci sector, mainly the Cerna loop. I came several times for a research project with Iljo Trajkovski from Bitola and Kostadin Popovski, both good friends of mine. I noticed a samll mistake : frenchplane wreck with a rectangle engine is a Breguet 14, the round one is a Nieuport.

    Respond
  • goran stojanovic August 22, 2017

    ne me iznenaduva pietetot so koj pisatelot na tekstov zboruva za slavanta germanska vojska,sepak e golema moznosta predcite negovi da vojuvale duri i kako dobrovolci na strana na “osloboditelite”od srbskata”okupacija”. niti me iznenaduvaat obidite da se tolkuvaat istoriskite fakti neobjektivno i edinstveno osnovani na nacionalna zaslepenost i toa naravno protiv se sto se ucese vo “prokletata” yugoslavija,segfa ne e “in”da se bide objektiven,duri i turskoto robstvo se saka da se predstavi kako demokratska etapa vo razvojot na makedonskoto bitisuvanje a ne pa bugarskite zverstva na ovie prostri……bi bilo mnogu smesno da ne e tragicno

    Respond
    • PSF August 26, 2017

      Се трудиме да напишеме за се она што „профучило“ на овие простори. За тоа дека Ви смета некој текст, не Ве обвинувам. Сепак сте Србин. За разлика од „небесниот народ“ овде на овој народ мамата му е#але секакви ослободители, вклучувајќи го и вашиот народ кој од 1913 (без 1915-1918) до 1941 година бил ОКУПАТОР, па затоа 2-3 години окупација е ништо во споредба со српското владеење.
      Во контекст на ова ќе го цитирам еден обичен селанец на кого Србите му ја силувале снаата во 1913 година:
      „Господе, каде се турците да не куртулат од ова зло“

      Наречете ме србофоб но нели Србите беа едни од креаторите на војната во „проклетата“ Југославија, како што сте напишале погоре? Вашиот национализам ја доведе Србија до ова дереџе, но и сите околу незе.
      Доколку не можете да го поднесите овој пост, би ви препорачал да си читате за Трбиќ и „компанијата“.
      П.С
      Има и за бугарските ѕверства, не грижете се, успеале и тие да остават нешто за памтење.

      Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc