1970: Прилепчани во предвојничката школа организирана во с. Ротино (Битолско).

Југословенска народна армија

Југословенската народна армија (ЈНА), била војската на поранешна ФНРЈ, подоцна СФРЈ. Во своето време, се сметала за четврта по големина војска во Европа.
На 1 мај 1945 година, со одлука на Врховниот командант на Народно ослободителната војска и партизанските одреди на Југославија (НОВ и ПОЈ), Маршалот на Југославија Јосип Броз Тито, со реорганизација на НОВ и ПОЈ е формирана Војската на Југославија (ВЈ).
На десетогодишнината од формирањето на Првата пролетерска ударна бригада, во декември 1951, ВЈ е преименувана во Југословенска народна армија (ЈНА).
Нејзин Врховен командант бил маршалот на Југославија Јосип Броз Тито се до неговата смрт на 4 мај 1980 година кога неговата функција ја преузело Претседателството на СФРЈ, односно неговиот претседател.

ЈНА официјално прекинала да постои на 20 мај 1992 година со прогласувањето на Војската на Југославија (ВЈ) како вооружена сила на Сојузна Република Југославија.

ДОКТРИНА НА ВОЈУВАЊЕ:
ЈНА имала уникатна доктрина: во случај на агресија, задачата на ЈНА била да го забави нападот на непријателот до активирањето на единиците на Територијалната одбрана (ТО) која била резервна војска составена од цивилното население и многу побројна од ЈНА. Потоа, ЈНА заедно со ТО требало да спроведат концепт на партизанска тотална војна во која би било вклучено целокупното население, тнр. Општонародна одбрана. Ваквиот стил на војување се предвидувало дека ќе го замори агресорот и конечно ќе го принуди на повлекување.

Според искуствата од партизанското војување во Втората светска војна, Општонародната одбрана се сметала за единствен начин за ефективно спротивставување на посилен агресор.

ОРГАНИЗАЦИЈА И СОСТАВ:
ЈНА се состоела од три видови: копнена војска, морнарица и воздухопловство.
Од кои родови биле: пешадија, артилерија, артилериско-ракетни единици на противвоздушната одбране (во сите три видови на ЈНА), оклопни единици, инжинерија, АБХ одбрана, врски и гранични единици.

Во својот активен состав броела околу 180.000 војници и офицери. Војниците се мобилизирале преку систем на задолжителна воена обврска за сите машки здрави лица на возраст од 18 до најдоцна 27 години. Околу 100.000 војници биле во постојаниот состав на ЈНА, останатите биле офицери и други експерти. Офицерите биле платени професионалци.

ПЕШАДИЈА:
Пешадијата во својот состав броела околу 140.000 активни војници (вклучувајќи и 90.000 регрутиа), со можност во услови на војна да мобилизира преку 1 милион резервиста. Резервне сили биле организирани во силите на Територијалната одбране а во услови на војна биле потчинети на Врховната команда на ЈНА. Територијалната одбрана ја сочинувале поранешни регрути кои повремено се повикувани на војни вежби.

ОКЛОПНИ БРИГАДИ:
Тенковските бригади на ЈНА се зависно од приликите се состоеле во два или три батаљони.
Во составот имале околу 1000 советски тенкови Т-34/85 (во резерва), Т-54 и Т-55, Т-70 и Т-72, околу 450 југословенски М-84 (подобрена верзија на советските Т-72), американските Шерман (во резерва) и М-47 тенкови.

Во својот состав ЈНА имала околу 400 пешадиски оклопни возила М80, 500 возила БВП М-80А и 300 оклопни транспортера кои се произведувале во Југославиј. Пешадијта користела повеќе од 200 советски оклопни транспортери БТР-152, БТР-40 и БТР-50 кои се купени во 60-те и 70-те години.
ЈНА имала и 100 М-3А1 американски полугусеничари и помал број на нови ромунски ТАБ-72 (варијанта БТР-60) оклопни транспортери.
Оклопните извидувачки возила биле главно постарите БТР-40 и новите БРДМ-2 и БТР-60 модели од советско производство како и домш Бните БОВ и М-8 возила.

АРТИЛЕРИЈА:
Артилеријата на ЈНА била опремена со советски, американски и домашни системи. Со советско потекло во ЈНА приближно имало околу 1000 влечни хаубици со калибар од 122мм, топови со калибар 130мм, хаубици/топови од 152мм и хаубици со калибар 155мм.
Во артилериските батерии се наоѓале околу 700 постари американски влечни топови од 105 и 155мм и домашните модели М-65.
Артилеријата користела советски самоодни топови од 100мм и 122мм и југословенски самходни топови М-7 од 105мм, како и повеќе од 6.000 минофрлачи од 82 и 120мм, вклучувајќи ги и минофрлачите монтирани на варијантата М-60ПБ од стандардниотг оклопен транспортер.

ПОСТОТ Е ВО ИЗРАБОТКА…

Артиљеија ЈНА је користила неколико ракетних система укључујући 160 YMRL-32 и М-63 вишецевних бацача ракета. Арсенал ЈНА је укључивао четири лансера невођених совјетских ракета земља-земља ФРОГ-7 домета 100 km. Први овакав систем је инсталиран 1967.

2 коментари

  • Slava Maneska April 16, 2017

    Mnogu mi je drago sto slucajno go vidov mojot tatko na vasata stranica. Toa bese neumoren rabotnik krajno lojalen na svojata drzava Republika Makedonija.Toa e covekot koj bese komandant na edinicata za predvojnicka obuka se naoga vo sredinata na slikata se vika Stavre Maneski.Golema blagodarnost od negovite kerki Slava,Danica i vnucite.

    Respond
    • PSF April 22, 2017

      Ви благодариме и на Вас…
      Слободно обратете се доколку поседувате било каков фото материјал кој би сакале да го објавиме овде.

      Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc