2011: Обновените воени гробишта во Прилеп...

Германските воени гробишта

Германските воени гробишта

„Кога ќе ме нападнат мисли исполнети со суета, и кога духот ќе ми се возбуди од зависта, тогаш тргнувам на малиот рид, и застанувам да размислувам на местото, каде што се наоѓаат гробиштата од мојот град!“
(Франческо Гверази)

На воените гробишта во Прилеп на простор од 7.200 метри квадратни се погребани 1683 германски војници (од кои 45 се од Втората светска војна), 40 Австро-унгарски, 39 бугарски, 33 војници од просторите на поранешната Југославија, 21 романски, 10 руски, 8 албански и 5 турски војници, погребани во периодот на Првата светска војна.

На воените гробишта е погребан и 19-годишниот Хајнрих Еберт, син на првиот претседател на Германија, Фридрих Еберт, кој во февруари 1917 година им подлегнал на раните во прилепската воена болница.

По ослободувањето на Прилеп, за разлика од другите градови во Македонија, воените гробишта се уништени од страна на народната власт.

Во 2006 година е започнат проект за реставрација на воените гробишта, финансиран од германската влада во соработка со локалната самоуправа, кој е завршен во 2009 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc