1911: Драгутин Јовановиќ - Луне како четник

Драгутин Јовановиќ – Луне

Драгутин Јовановиќ – Луне е роден 1892 година во Алексинац, Србија, во семејството на доселеници од Прилепско. Неговото семејство наскоро се преселува во Врњачка бања, каде што Драгутин го завршува основното образование. Од својот татко го учи ѕидарскиот занает и работи на изградбата на железничката линија Крушевац – Сталач – Ужице. Таму главниот инженер му го дава прекарот Луне, по кој ќе биде познат до крајот на својот живот.

Набрзо се присоединува кон српската четничка акција и на 22 март 1911 година влегува во четата на српскиот војвода Воин Поповиќ-Вук со кого участвува во Балканските војни, а со избувнувањето на Првата светска војна преминува во Јадранскиот четнички одред, повторно под команда Воин Поповиќ. Во октомври 1914 година Јовановиќ со својот вод во близина на речниот остров остров Курјачица заробува 10 австроунгарски офицери и 300 подофицери и војници.

Во борбите во близина на Груништа е ранет во раката, но по закрепнувањето продолжува да се бори на Македонскиот фронт, каде што учествува во битката на Кајмакчалан. Во ноември 1917 година му е доверена задача од Врховната команда да навлезе во окупираните територии од Бугарската армија и да собира информации за нејзиното движење. Во окупирана Македонија останува до крајот на август 1918 година.

За заслугите во војната е унапреден во чин потпоручник и е одликуван со ордените:
- Караѓорѓева ѕвезда со мечови IV степен
- Златен војнички орден Караѓорѓева ѕвезда со мечове (два пати)
- Златен медал „Милош Обилиќ“ за храброст (два пати)
- Француски Воен крст
- Грчки Медал за храброст
- Албанска споменица
- Споменица за војните од 1912-1918 година.

По војната служи во воената команда на Белград и на 31 март 1924 година се пензионира со чин поручик. Влегува во Демократската партија на Љубомир Давидовиќ и станува градоначалник на општина Врњачка бања. За време на неговиот мандат како градоначалник ги пошумува јужните падини на превојот Гоч, го регулира текот на Врњачка река, од местото на денешниот хотел „Србија“ до изворот Снежник, организира неколку општински и месни друштва, меѓу кои Четничкото здружение и ловно друштво. Во 1927 година станува народен пратеник.

На 20 јуни 1928 година, за време на убиството на лидерот на хрватската селанска странка Стjепан Радиќ и пратениците Павле Радиќ и Ѓуро Басаричека, Jовановиќ е непосредно до атентаторот Пуниша Рачиќ, црногорски пратеник на радикалната странка. Од судот е обвинет за соучество, но на судењата во мај и јуни 1929 година се отфрлени сите обвиненија кон него. По овие настани, заминува од политиката и активно учествува во четничкото движење на Коста Пеќанац.

Јовановиќ е убиен на 2 јули 1932 година на Нишката железничка станица од револверот на полицискиот агент Стеван Протиќ, со кој Луне започнал кавга за претрес на неговиот багаж. Но, мотивите и организаторот на неговото убиство и ден-денес не се разјаснети.

Погребан е во Врњачка бања.

5 коментари

  • Mate January 24, 2014

    e nema izgleda nikogas da razberam zosto e ovaj postaven vo “Prilep-stari fotografi” verovatno kako dobar Srbin ????/

    Respond
    • PSF January 26, 2014

      Ако ја прочитавте внимателно неговата биографија ќе видите зошто е напишано за него… А како се чуствувал тоа е негова работа.

      Respond
  • Мићко February 3, 2014

    Војвода Луне беше голем херој. За Луне е испеана песнава:

    http://www.youtube.com/watch?v=YQ3MAXwIr7s
    „Вади воду кћери хитај дома,
    Доћи ће нам једна чета нова.
    Пред четом је Луне млад војвода,
    Дичан јунак српскога рода.

    Гази чета црн се барјак вије,
    Све делије, из Старе Србије.
    На рамену носе пушке ”шарне”,
    О појасу бомбе “лешеваре”.

    Путем иде чета, ведра чела,
    А пред четом млади Луне пева:
    ”Док је оштра ова кама наша,
    Не бој’те се браћо бугараша!”

    Кој не жали браћо млад умрети,
    Нек се јави Лунетовој чети.
    Кој не жали живот за слободу,
    Нек се јави Лунетовом воду.“

    Уште еден потомок на доселеници од Прилеп беше капетан Драгољуб Николиќ. И он се бореше како доброволец.

    Respond
    • Angel Dimov March 7, 2016

      Nema nikakva prichina Lune da se povrzuva so Prilep. Dali negovite doshle od Prilep ili ne, toj si e roden vo Aleksinac i si e chist Srbin. Ne mozhe ni da se okarakterizira kako srboman, zatoa shto e deklariran kako Srbin i roden vo Srbija. Taka da, navistina, ne mu e mestoto na stranicata za Prilep.

      Respond
      • PSF March 8, 2016

        Благодариме за забелешката…
        Целта ни е да ги претставиме не само оние кои се родени прилепчани, туку и оние кои имаат потекло од Прилеп (независно како себеси се декларирале) и оние кои дошле „отстрана“ и оставиле каков-таков белег во Прилепско. Пример за тоа се Трбиќ, Бошко Бабиќ и др.

        Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc