Властимир Николоски

Властимир Николовски

Властимир Николовски е роден на 20 декември 1925 година во Прилеп. Како син на наставник по музика, уште во гимназиските доаѓа во непосреден допир со музиката. Систематското музичко школување го започнува по војната, кога се запишува во Средното музичко училиште во Скопје. Во 1947 година заминува на Ленинградскиот конзерваториум, каде што изучува композиција и хармонија во класата на Орест Александрович Евлахов, а една година подоцна студиите ги продолжува на Музичката академија во Белград, во класата на композиторот Миленко Живковиќ. По дипломирањето, во 1955 година, започнува неговата можне плодна активност. Работи како професор во Средното музичко училиште, директор на Операта при МНТ, музички уредник во радио Скопје, професор на Педагошката академија, а од 1966 година и како профессор и прв декан на Високата школа. Во 1981 година е избран за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Преку триесет награди признанија меѓу кои најзначјани се:
- Наградата “11 Октомври” за кантатата “Сердарот”, 1963 година и за ораториумот “Клименту” во 1966;
- Наградата “4 Јули” за ораториумот “Непокор”, 1980;
- Наградата “Панче Пешец” за композицијата “Црнила”, 1986;
- Добитник на Орден за заслуги за народот со сребрена ѕвезда во 1968;
- Добитник на нагарадата “Климент Охридски”, 1991.

ТВОРЕШТВО

Оркестарско

Симфонија бр. 1 “Бревис”, 1957; “Ин модо антико” – суита, 1957; Мала суита, 1961; пасакаља, 1964; Симфонија бр. 2 “Брабара”, 1968; Стари танци, 1970; Дивертименто за флејта и гудачи, 1974; Симфонија бр. 3 “Рустика”, 1975; Концерт за пијано и оркестар, 1978; Фолклорофонија, 1979; Концертни варијации, 1986; Концерт за виолина и оркестар, 1987.

Камерно

“Три танци” – за пијано, 1948; “Чучек” – турецки танц за пијано, 1948; варијации за кларинет и пијано, 1948; “Тешкото” – за кларинет и пијано, 1948; Четири пиеси за пијано, 1949; “Суита” – за виолина и пијано, 1950; “Два става” – за кларинет и пијано, 1953; Рондо за кларинет и пијано, 1953; Гудачки квартет, 1954; Токата – за пијано, 1955; Суита за обоа и пијано, 1956; Три детски лирски за пијано, 1960; Младински албум – за пијано, 1960; Лирски прелудиум, за пијано 1962; Кончертино за виолина и пијано, 1963; Трио соноро – за кларинает, виола и пијано, 1965; Фолклорна соната за пијано, 1965; Три танци – за пијано, 1968; “Тешкото” – за виолончело и пијано, 1973; “Балада” – за пијано, 1973; Минијатури – за две виолини, 1975; “Тешкото” – за фисхармоника, 1977; “Тажачка” – за фисхармоника, 1977; “Танец” – за фисхармоника, 1977; Соната за виолончело и пијано, 1978; Три сонати хоммаге а Сцарлатти за пијано, 1979; Фуга ДСЦХ – БАЦХ – за пијано, 1980; “Менажеријада” – циклус за пијано, 1980; Мокросоната – за пијано, 1982; Гудачки квартет, 1985; камерна симфонија бр. 4, 1986; “Ба…бур…ба…бур” – за фагот и пијано, 1988; контрасти – за пијано, 1991.

Вокално – инструментално

Ораториуми: “Клименту”, 1966; “Кирилу”, 1969; “Непокор”, 1979;

Кантати: “Сончева колона”, 1961; “Пикантерии”, 1963; “Сердарот”, 1963; “Антилитургија”, 1964;

Глас и оркестар:
“По патиштата” – циклус, 1960; Сатир 2, 1970; “Црнила” – за глас, пијано и гудачи, 1984; Симфонија бр. 5 “Ритуале” – за мешан хор, соло баритон и удиралки, 1987; “В хилјада и седумстотин” – за мешан хор, соло баритон и симфониски оркестар, 1989; “Морторно” – опело за женски хор, гајда, зурли, кларинет и удиралски, 1992.

Хорско

Мешан хор: “Сејмен седи”, 1949; “Свршувачка” бр. 1, 1950; “Жалбена”, 1953; “Свирачот”, 1953; “Три скерца”, 1958; “Пародии”, 1959; “тешкото”, 1950; “Селски бурлески”, 1960; “варијации 1”, 1963; “Миле Поп Јорданов”, 1963; “Трипла фуга”, 1952; “Мариовска”; “Свршувачка 2” – за мешан хор и солисти, 1970; “Поронченија”, 1971; “тешкото 2” – за мешан хор и тапан, 1977; ‘Проклетство 2”, 1985; “Концертантни варијации”, 1986; “Частушки”, 1990;

Женски хор: “Суита”, 1952; “Три пасторали”, 1964; “Пет шведски народни”, 1966; “Папазјанија”, 1975; “Варијации ИИ”, 1976; “Илинденка ИИ”, 1978; “Гурбетчиска”, 1980; “Слово о љубве” – за женски хор и баритон, 1990;

Вокална група и камерен оркестар: “Пародии”, 1970; “Време”, 1974; “Елдорадо”, 1974;

Машки хор: “Пет народни”, 1964; “варијации ИИИ”, 1981; “Господи возвах”, 1983; “Се навали”, 1984; “Оче наш“, 1990;

Детски хор: “Кон уморе”, 1953; “Дадички”, 1959; “Четири детски хора”, 1960; “Мариовче” – циклус за детски хор и пијано, 1963; “Две детски” – за детски хор и пијано, 1958.

Глас и пијано

“Љубовта по овчарот”, 1948; “В мугри”, 1948; “Марика”, 1948; “Приспивна”, 1949; “Подарок”, 1951; “Чавкар војвода”, 1953; “Гротеско”, 1959; “Лирски циклус”, 1962; “Сатир 1” – циклус, 1963; “Свенат цвет”, 1964; “Македонка” – циклус, 1964; “Ленка”, 1971; “Илинденка”, 1977; “Исповед” – циклус, 1981.

Детски песни

“Чучулига”, 1957; “Моето село”, 1957; “Градинка”, 1987.

Музика за драми

“Генералот Крес и генера лот Бес”; “Сенка” од Еуген Шваец; “Вечерни птици”; “Тешки години” од Живко Чинго; “Пигмалион”, “Пречек”; “Богунемили”, 1971; “Се случи еден ден”, 1960; “Кузман капидан”, 1960; “Фарса за храбриот Науме”; “Моралитет”;
Музика за документарниот филм “Градот расте кон велеград” во режија на Бранко Гапо.

Публицистика

- Можност за употреба на фолклорот во најсовремената музичка уметност – реферат на ИЏ Конгрес на Сојузот на фолклористите на Југославија во Требиње, 1962, Сараево, 1963;
- Македонскиот музички фолклор во композицискиот третман на Стеван Мокрањац – Реферат на Конгресот на Сојузот на фолклористите на Југославија во Охрид, 1964;
- Некои карактеристики на современото македонско музичко творештво – Реферат на ИИ Семинар за македонски јазик, литературе и култура, Охрид, 1969;
- Фолклорот во македонското музичко творештво (коавторство со Драгослав Ортаков), Реферат на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 1970;
- Македонското музичко творештво – Реферат на Трибината за југословенското музичко творештво, Опатија, 1970;
- На новом пути, Советскаја музика, бр. 11, Москва, 1970;
- Византиската духовна музика како инспирација во современото македонско музичко творештво – Реферат поднесен на меѓународниот симпозиум во Охрид, 1976;
- Музиката и музицирањето во НОВ во Прилеп и прилепско во 1942 година – Реферат на Научниот собир во прилеп на тема “Прилеп и прилепско во НОВ 1942 година”, Прилеп, 1976; печатен во Скопје, 1978;
- Фолклорното творештво како инспирација во музиката – Реферат на Џ Семинар за македонски јазик, литературе и култура, Охрид, 1972;
- Современи тенденции во македонското музичко творештво – Реферат на ЏИИ Семинар за македонски јазик, литературе и култура, Охрид, 1979;
- Инструменталното творештво на композиторот Трајко Прокопиев, објавен во збирката текстови за Трајко Прокопиев, “Дојрански ракувања”, 1981;
- Фолклорот во македонското музичко творештво во 1945 – Реферат прочитан во МАНУ во 1980 година;
- Новие социјиластичкие содержанија, “Советскаја музика”, Москва;
- Владо Милошевиќ – бард на босанската вокална музика, печатен во монографијата за академикот Владо Милошевиќ, Сараево;
- Современое македонское музикаљное творчество – реферат на меѓународниот симпозиум во Ленинград, 1982;
- Музиката и музицирањето во Прилеп и прилепско во 1944 и до крајот на Втората светска војна – реферат на научниот собир “Прилеп и Прилепско во НОВ 1944-45”, Прилеп, 1983;
- Зеитгоноссес југослоњицхес музикалиссхес Сцхаффе, Реферат на меѓународниот конкурс за хорови, Хаг, 1983;
- Л’оеувре дес фресес де Салониљуе Цѕрилле ет Метходе – инспиратион ду гение цреатеур мусицал анонѕме ет профессионел ен Ѕугославие, Реферат на Меѓународниот симпозиум на Ла Универсидад Интернатионал, Севилла, 1983;
- Л’оеувре де ла мусиљуе мацедониенне цонтемпрраире, Реферат читан во Високата музичка школа во Гетеборг, 1983;
- Традицијата во македонското музичко творештво, “Македонска музика”, бр. 5, Скопје;
- Хероиката и револуционерната тематика во повоеното македонско музичко творештво, “Македонска музика”, бр. 5, Скопје;
- Музицирањето и ангажираната творечка музичка мисла за време на НОБ во Вардарска Македонија, “Македонска музика”, бр. 6, Скопје, 1986;
- Народните инструменти и можноста на нивното застапување во професионално – творечката уметност, Реферат прочитан на тркалезната маса одржана во рамките на Џ Републички фестивал на народни инструменти и песни “Марко Цепенков” во Долнени – Прилеп, 1984;
- Заемното дејство на фолклорните елементи и елементите на византиската музика во југословенското музичко творештво, Реферат на ИЏ Меѓународен симпозиум на балкански фолклор, Охрид, 1985;
- Полската музичка култура и нејзината поврзаност со македонската музика, Реферат прочитан на научна дискусија во Скопје, 1985;
- Милоје Милојевиќ и македонската музика, во книгата “Милоје Милојевиќ – композитор и музиколог”, Здружение на композиторите на Србија, Белград, 1986;
- Славенски … Сеќавања … Анегдоти, Реферат на Симпозиумот за Јосип Славенски, Чаковец, 1986;
- Црковнословенскиот јазик – инспирација во македонското музичко творештво, Реферат на Семинарот за македонски јазик, литературе и култура, Охрид, 1987;
- Современото македонско музичко творештво, Реферат прочитан на Државната конзерваторија во Софија – 1987, и на Институтот за музика во Нанцан, Кина, 1987;
- Кирило-методиевската традиција, како инспирација во музичкото творештво (ракопис).

Властимир Николовски почина во 2001 година.

1 коментар

  • каме кусуров February 28, 2013

    нај добар композитор на сите времиња

    Respond

Коментирај