1935: Визитка од потпоручник Иван Бежановић од Битола

Галерија: Визит картички од колекцијата на семејството Спасеви

ВИЗИТ КАРТИЧКИ ОД КОЛЕКЦИЈАТА НА СЕМЕЈСТВОТО СПАСЕВИ

Во оваа галерија се претставени визит картички, сопственост на семејството Спасеви од Прилеп.

Визит- картичка или визитка, e мала, украсна печатена картичка што ја носеле поединци за да се претстават пред другите.
Како вообичаена практика кај повисоките класи, било да се остава визит-карта кога се најавуваат кај некого (со намера да се посети нивната куќа или работно место).

За да го задржат својот социјален статус и да се движат во напредните текови во општеството, претставниците на средната и високата класа печателе персонализирани картички, кои го прикажувале името на сопственикот, а понекогаш и адресата. Картички биле оставени по домовите, испраќани по пошта, доставувани преку трети лица или лично разменети за различни социјални цели.

Визитиките станале неопходна алатка за бонтон, со софистицирани правила кои ја регулираат нивната употреба. На пример, ако картичката била оставена со свиткан агол, тоа означувало дека картичката била оставена лично, а не преку трето лице.

Визит-картичките покрај податоците на носителот и неговата професија, понекогаш вклучувале  фотографии, илустрации – зависно од пригодата, врежани орнаменти и сл. Визитките се чувале во украсени кутии специјално за таа намена.

Нема Коментари

Коментирај