Надгробниот споменик на Благоја Балабан

Вистината за случајот Балабан

Вистината за случајот Балабан

„Овде лежу тела
наших милих синова
Благоја Л. Балабановић,
ђак VI раз. ђим. рoђен 13/III/1904 г.
убит подло од својих другова
саученика 15/IV/1922 г. у
цвету своје младости и
брат Ђорђе рођен 15/III/1920 г. + 4/V/1932
оставиши у вечиту тугу
оца и мајка“

Овие деца не беа скриени, околу нив постојано беа скротените момчечки мечти. Овие деца беа лишени од дрскост и примамливи заблуди, но жедни за правда, за слобода, за живот…

Овој епитаф над нивниот гроб сведочи дека и денес се убави и млади, невини, зашто одамна тие не го мерат ниту времето, ниту постоењето. А во едно такво бегство, трчаме и ние, кои сме сѐ помалку…

Родени чедни, родени невини, со лист од смоква, но грди облеки им облекоа подло, зашто нивниот момчешки сон беше насликан со кист, не знаејќи дека пред нив е само време за збогум, време проштално…

Стоејќи пред овој нем споменик, секој еден би требало да се запраша: „Каде се сведоштвата за неправдата која им е нанесена? Каде се сведоците да проговорат, додека овој нем споменик молчи?

Дали можеби можевме или не сме смееле да ги исправиме барем некои вистини? Но, во душата имаме немир, читајќи го ова, а знејќи дека не е така!

И додека сѐ уште се слуша чукањето на чеканот, кој го испишува овој епитаф на болката, додека сѐ уште се лијат солзите на нивните неутешни родители, додека шуштат лисјата од малкуте дрвја околу нивниот гроб, повикот на браќата Балабан за вистината допира до нас и денес…

Па, да го чуеме…

Во 1922 година во Прилеп постоела „Тајна македонска младинска организација“ за борба за независна Македонија, под името „Прилепска лига“. Членови на организацијата биле ученици на Прилепската гимназија. Полициските власти успеале да ја откријат организацијата. За да ја спречат понатамошната дејност на училишната младина во Прилеп, власта, ноќта на 15 спрема 16 април 1922 година, организирала убиство на ученикот Благоја Балабан од VII клас, член на оваа организација. За ова гнасно злосторничко убиство властите успеале да изнудат признание на двајца соучесници и другари на убиениот ученик. По повод ова убиство биле затворени 16 ученици од вишите класови на Прилепската гимназија и еден воспитувач во ученичкиот дом и им било припишано, покрај убиството, и обидот за палење на Гимназијата. Обвинетите ученици биле осудени, според член 85 од Законот за заштита на јавниот ред и безбедноста во државата, на по 5-10 години строг затвор. Некои од овие ученици останале во затвор до 1930 година. Бидејќи овој период е карактеристичен по тоа што постоела корупција и мито, може слободно да се рече дека родителите на осудените ученици во Прилеп биле ограбени. Поради владеењето на беззаконието, секој од секого се плашел и никој не се грижел за спроведувањето на законитоста. Лесно можел да се откупи од судот секој што имал пари, другите останувале да скапуваат по затворите. Со затворањето на оваа група ученици, власта ги укинала вишите класови на Гимназијата во Прилеп, и се појавил нов проблем, продолжувањето на школувањето на учениците од укинатите класови.

Прилепската реална гимназија започнала со работа во 1919 година, а била формирана од српската власт. Основното училиште било под директен надзор на турската власт, зашто во тој период, до 1912 година. Турците сѐ уште биле организирани на просторот во Прилеп. Според сведоштвата и сеќавањата на Илија Бутикоски, во првите одделенија се учело на бугарски јазик, а потоа, поради сменување на власта, се учело на српски јазик. Во четврто одделение повторно се учело на бугарски јазик.

За време на Првата светска војна дошло до прекин во нормалното школување, кој траел до 1919 година, кога започнала со работа новоформираната Реална гимназија. Наставата во Прилепската гимназија ја изведувале исклучиво српски наставници на српски јазик. Наставниците биле специјално носени од Србија. Во исто време, имало и наставници кои не знаеле српски јазик, каков што бил случајот со наставниците по француски јазик.

Во есента 1918 година, по завршувањето на Солунскиот фронт, во Македонија се вратиле бивши великоспрски властодршци, кралеви, приврзаници и нивни следбеници, кои за кусо време во цела Македонија, па и во Прилеп, формирале фашистичка организација со име „Народна одбрана“. На чело на оваа организација застанал познатиот и озлогласен Василије Трбиќ – познат по многубројните мачења, апсења, убивања на немоќни и невини луѓе, кои имале прогресивни сфаќања. Идеите, или поточно, личните желби на Василије Трбиќ, ги следеле најкорумпираните и најреакционерни прилепчани. Еден од нив бил и учителот Димитрија Коневиќ, родум од селото Крапа кај Македонски Брод. Во овој период, Василије Трбиќ не бирал средства да дојде до своите цели. Во тој стил ја исценирал Алисовата афера, при што измислените, или поточно, наместените актери, биле осудени и покрај фактот што тие измислени актери биле познати офицери.

Случајот сакал со започнувањето на работа на Реалната гимназија во Прилеп, да започне со работа и активност и КПЈ, односно во овој период (1919 година) веднаш се почувствувале организационите активности на КПЈ.

Тогашните ученици во Реалната гимназија од прв, втор и трет клас зеле активно учество во формирањето и организирањето на КПЈ за Прилеп, како и во агитацијата меѓу учениците и месното население во Прилеп.

Во овој период, во Гимназијата постоела таканаречена легална комунистичка партија, која легално дејствувала до Обзнаната во 1921 година.
На почетокот на активностите на КПЈ во Прилеп и Месниот комитет повеќе пати имало пресметки. Во Месниот комитет најпрво активно учество имал еден наставник по име Драгутин Симоновиќ, кој по бурно расчистување бил исклучен од КПЈ, означен како центрумаш и провокатор. Тој ја знаел активноста на учениците, па по неговото исклучување, започнал да им се заканува и да им забранува на учениците да работат во КПЈ.

И покрај ваквите закани и по Обзнаната, сите напредни ученици биле активни членови на КПЈ. Постојано одржувале контакти со постари и одговорни комунисти, како што биле Танасије Илиќ, познатиот адвокат од Прилеп, потоа Рампо Бутле, Димко Атески – Дебеломесо, Павле Каменарот, Асен Козароски, тогашен студент и други.

Танасије Илиќ како адвокат подоцна ги бранел учениците во познатата ученичка афера, за која одбрана не барал награда.

АКТИВНОСТА ПОД НАДЗОР НА ПАРТИЈАТА

Целокупната активност на учениците од Прилепската реална гимназија била под надзор на одговорните другари од Партијата.

За сите настани што се случувале во Гимназијата, учениците постојано добивале директиви во смисла како и на кој начин да настапат пред школските власти и наставници. Еден од начините на дејствување пред школските власти бил штрајкот што се јавувал во оние моменти, кога не биле задоволни од наставата, односно од наставниците. Најтипичен пример на спротивставување на учениците против реакционерите, школските власти и наставниците најпрво бил бојкотот, а потоа и штрајкот против наставничката Груичка, која предавала француски јазик. Таа не знаела да зборува ниту српски, ниту македонски, па не била во можност да објасни ништо. Од ваквиот однос учениците не биле задоволни, па затоа барале да биде сменета. Откако не било задоволено нивното барање, тие стапиле во штрајк на нејзиниот час. За овој штрајк, сите ученици кои штрајкувале, биле повикани кај директорот на Гимназијата. На директорот му објасниле дека не сакаат наставник, кој не знае да им објаснува на разбирлив јазик.

Бидејќи во тоа време немало избор на наставници, таа останала и понатаму да предава француски јазик, со изговор дека ќе им објаснува на латински јазик, бидејќи латински знаеле повеќе. Резултатот од ова останал ист, па затоа на нејзино место дошол некој си наставник Марсел Дево, исто така Французин. И овој го применувал истиот метод на работа.

Од истите причини пак штрајкувале, такашто директорот морал да ангажира наставник Србин. Со овој наставник наставата била поинтересна и поразбирлива, па за одредено време сите ученици во тој поглед биле посмирени.

Во текот на 1920 година, за учениците од Гимназијата била организирана екскурзија до Охрид, со строго пропагандни намери, да се докаже дека сите културни и религизони знаменитости се завет на српските владари. Од овие причини сите напредни ученици се спротивставиле на одењето во Охрид.

За оваа постапка на учениците, директорот се налутил, па почнал да ги убедува учениците поединечно и да им се заканува дека ќе бидат истерани од Гимназијата.

Некои од учениците, кои биле помалку стабилни, се поколебале и се согласиле да одат во Охрид. На крајот, сите ученици биле наговорени да одат во Охрид, каде останале два-три дена, а еден ден биле и во Струга.

Методија Карески, Кирил Петрески – Димуш и Илија Бутикоски сакале да останат на ветениот збор и директно да се спротистават на желбите на Симоновиќ. Кога виделе дека остануваат сами без поддршка, на некој начин се согласиле да одат во Охрид, зашто инаку ќе повлечело поголеми, односно, потешки последици.

На враќање имало некои инциденти, или поточно, невкусни и неморални сцени, предизвикани од Симоновиќ.

ИСКЛУЧУВАЊЕ НА СИТЕ МОЖНИ НАЧИНИ

Во Гимназијата се спроведувал атак врз сите ученици на сите можни начини. Атакот се вршел и за најмали и, воопшто, небитни работи. Така, ученикот Кирил Петрески – Димуш бил малтретиран од професорката Стака Спасиќ, подоцна Исаковиќ, во врска со писмената работа. Била зададена задача да се направи реферат за писателот Јован Хаџиќ – Милош Светиќ. Била ставена забелешката за цртичката (-) тирето меѓу правото име и книжевното име. Тој атак бил спроведен до таа мера што се дал предлог до професорскиот совет за исклучување од Гимназијата. Таа расправија траела подолго, со советување дури и од директорот, кој го предупредил Кирил Петрески – Димуш дека треба да молчи и да не им се спротивставува на професорите, дури и да е во право. На крај, сета работа завршила со намалување на поведението.

Во пролетта на 1921 година, сета Гимназија била на екскурзија во селото Тополчани. Отишле со теснолинејка, во отворени вагони. На враќање се возеле заедно со директорот Јордан Петровиќ и професорот по математика Ламбро Тозијевиќ. По патот се разговарало за сѐ и сешто, а меѓу другото се поставило и прашањето за националната писменост. Конкретно, директорот бил запрашан со едно наивно прашање за тоа време: „Како не се најде некој Македонец да ни направи наша македонска граматика?“.

Најпрво прашањето било поставено повеќе во смеа, отколку сериозно, па Кирил Петрески – Димуш и Методија Карески рекле дека ќе бидат вторите Кирил и Методиј и ќе направат македонска граматика. И двајцата професори, иако биле прокламирани дека се Македонци – се налутиле.

Пред крајот на учебната година, на учениците од 4 клас директорот им понудил, или поточно, наговарал да се запишат на воена академија. Но, тогаш, од таа генерација, ниеден од учениците не прифатил. Незаинтересираноста за запишување на воената академија повеќето била израз на спротивставување на желбите на професорите и на режимските настојувања, отколку вистински желби.

ТАЈНАТА ЛИКВИДАЦИЈА НА БЛАГОЈА БАЛАБАН

Одморите помеѓу часовите речиси секој ден биле користени за пеење на револуционерни песни, па поради тоа биле опоменувани од професорите, а посебно од Симоновиќ. Еден ден учениците пееле многу гласно, така што професорот Ламбро Тозијевиќ, кој наизглед бил мирен и тивок, но криел голем гнев и омраза кон сѐ што е македонско, па така налутен ги пречекал на вратата и ги тепал каде што ќе стигнел.

За сите овие настани биле известувани членовите од Партијата.

Покрај политичките настапи на учениците, често пати имало и незадоволство во Гимназијата, посебно кон директорот Јордан Петровиќ, инаку роден во Прилеп, но од познати причини се декларирал како Србин, и професорот Драги Симовиќ.

Најголемиот настан во 1922 година, според подоцнежните последици, било пцуењето на кралицата Марија од устата на Благоја Балабан. Тоа се случило во книжарницата каде што работел Димче Исоски, кој бил другар на гимназијалците. Книжарницата била сопственост на некој си Петровиќ.

Благоја Балабан не знаел дека во книжарницата во меѓувреме влегол и Воја Дамјановиќ, наречен „Црната рака“, или поточно, член на „Црната рака“, главен агент на тогашната српска власт и во исто време и школски надзорник. До него исто така бил и Живоин Раденковиќ, судски писар и школски воспитувач во мензата. Овој и покрај сите состојби пројавувал симпатии кон комунистичките идеи. Поради тие симпатии подоцна Живоин Раденковиќ бил смислено вовлечен во познатата афера.

Воја Дамјановиќ по слушањето на пцовката на кралицата, си ги поткасал усните и без збор се свртил кон Живоин Раденковиќ.

Веднаш, истиот ден, Благоја Балабан бил повикан во Околиското управителство каде што бил сослушуван подолго време. По излегувањето од Управителството, Благоја Балабан бил блед, исплашен и со траги на малтретирање. Другарите го прашале за што го повикале во Управителството и што му рекле, но Благоја ништо не им одговорил. Другиот ден Благоја бил повикан и од директорот на Гимназијата Петровиќ, од кого исто така бил малтретиран, омаловажуван и слично. На другарите им кажал дека директорот, меѓу другото, му удрил и шлаканица. Во исто време, директорот на Гимназијата лично му го намалил поведението на Балабан на двојка, без посебна причина. Инаку, Благоја бил примерен ученик со посебна дарба кон цртањето и кон фискултурата.

Од овој настан не поминале ни цели три месеци и Благоја Балабан бил тајно ликвидиран – убиен. Сите ученици кои биле вклучени во напредното движење, дошле до заклучок дека ликвидирањето на Благоја е извршено од властите, поради пцовката за владеачката династија. И тогаш неговите соученици биле цврсто убедени дека ова ликвидирање било смислено. Најпрвин бил уапсен Ѓорѓе Бугарин и неговиот син, од кои се барало признание за убиството.

МОНТИРАНО УБИСТВО

Тогашните српски власти во Прилеп со цел да останат со чисти раце, веднаш продолжиле со измислувањето и монтирањата. Биле уапсени двајца ученици од вишите класови, и тоа Панче Тодоровиќ и Иван Арнаутовиќ.

Двајцата, наводно, биле малтретирани и тепани со мотивација да го признаат убиството на Благоја Балабан.

По тешките и мачни денови за учениците и за обичните граѓани во Прилеп, властите, откако не успеале со првата приказна, смислиле нова, уште понечиста и уште попровидна, позлогласна.

Се слушнало низ Прилеп дека е откриена една група ученици (13) и еден воспитувач во школската менза, кои, наводно, го подготвиле и го извршиле убиството.

Оваа група ученици од властите била нарекувана со разни имиња, меѓу кои и дека е терористичка организација, која се организирала против професорите. На тој начин сакале да го уверат граѓанството, а во исто време да ја прикријат злосотрничката улога на властите.
Непосредно пред ликвидирањето на Благоја Балабан, претходела уште една измислена и монтирана невистина.

Од властите било прогласено дека, група ученици од Прилепската гимназија се организирале и се обиделе да ја запалат Гимназијата. Било прогласено дека во една училница е растурен пепел, натурен со газија. Подоцна од судот сите 13 ученици и судскиот писар биле осудени на по две години затвор. Во специјално подготвената судска постапка, подоцна се кажало дека Благоја Балабан е ликвидиран затоа што истиот не ја извршил задачата да ја запали Гимназијата.

Дека сета постапка, сите обвинувања, биле провидни и измислени, се утврдило по 14 години, односно во 1936 година, кога била запалена Гимназијата од Никола Ачковиќ, тогашен учител, а по иницијатива на Драгутин Симоновиќ и Никола Ачковиќ, кој по Втората светска војна живеел во Краљево, а кој долго време јавно се фалел дека тој ја запалил Гимназијата.

ВО ПРИТВОР 14 УЧЕНИЦИ

За наводните кривични дела, кои им се ставиле на товар, најпрво биле во притвор сите 14 ученици. За време на притворот врз сите ученици била спроведена посебна тортура, со цел да се изнуди писмено признание дека биле сторители на кривичните дела за палење на Гимназијата и за убиството на Благоја Балабан. Во меѓувреме, биле наведени и други лаги, како што била кражбата на аптеката на Симитчиевиќ. Биле обвинети и дека од аптеката е украдена дрога (отрови) заради труење на професорите во Гимназијата.

По притворот, било спроведено судење во Битолскиот суд, и тоа биле спроведени две судења (две расправи). За време на судењето, српските власти (па и судот), настапиле со обвинување кое веќе било однапред подготвено. Повеќето ученици уште во притворот потпишале признание дека се извршители на кривичните дела. Признанието било напишано на машина, а од нив се барало, на готовиот текст, подготвен од полицијата, да се потпишат, иако тие не знаат што содржи текстот.

Илија Бутикоски, Илија Јано, Киро Петрески – Димуш, Киро Здравески и Живоин Раденовиќ не го потпишале признанието. Бутикоски бил изведен насамо, одделно од другите ученици и со бајонет (штик) ставен на пушка бил притиснат врз грлото, само со единствена цел – да го потпише признанието. Му се заканувале дека ќе го убијат, а меѓу неговите роднини и јавноста ќе разгласеле дека тој извршил самоубиство. Во тие мачења, едно нешто му оставило најстрашен впечаток. Бајонетот на пушката бил стар, целосно зар’ѓан, кој тешко човек во земја би го забодил, а камоли врз млади и невини гради.

На ваков начин се постапувало со сите ученици, така што оние, кои биле и физички послаби, со таква принуда се согласиле да го потпишат признанието. На некои од учениците им ставиле пранги (окови) на нозете и во такви услови ги терале да потпишат.

ПРИЗНАНИЕ ПО СЕКОЈА ЦЕНА

Од мачењета на Илија, како доказ била наведена неговата окрвавена кошула, која мајка му ја носела по сите „форуми“ во градот, по што ги посетил претседателот на општината – Благојевиќ, инаку припадник на Републиканската странка. По неговата посета, а најверојатно и по интервенција во понатамошните денови на притворот, престанале со мачењата и принудното признание.

Учениците биле изведени пред таканаречениот поротен суд, а не пред дражавниот суд. Поротниот суд бил специјално овластен да им суди, зашто членовите – поротници биле уценети да гласаат дека тие, како ученици, се виновни. Уцената била извршена од тогашниот судија Протиќ, заканувајќи им се на поротниците дека ако не гласаат, ќе ги обвини според Законот за заштита на државата. Иста ваква уцена и притисок бил извршен и од тогашниот претседател на Битолскиот суд, со напомена дека млади луѓе – ученици, се штетни за државата, зашто пројавувале комунистички симпатии и идеи.

Судијата Протиќ, па и претседателот, на поротниците им дал да читаат некои написи од профашистички листови, кои биле под целосна контрола на тогашните власти.

Сето ова се правело, затоа што ниту обвинителот, ниту судот, немале НИКАКОВ материјален доказ. Се правело сѐ за да бидат без вина прогласени за виновни.

Истрагата во Прилеп ја водел судијата Јовановиќ, во соработка со претседателот на прилепскиот суд Симиќ, кои во основа сe противеле на власта, а и постојано инсистирале да се спроведе законска постапка. Овие двајца ги информирале учениците дека, според сите наоди, не биле виновни и дека ќе бидат ослободени. Но, властите во Прилеп, се разбира, под лично влијание на Василие Трбиќ и неговите должници, по секоја цена настојувале да бидат осудени.

Од овие причини, најпрво од родителите на сите притворени ученици биле побарани (мито) околу 100.000 динари тогашни пари (фантастична сума!). Нивните родители, иако сите биле доброимотни, се спротивставиле на ова барање. Исто така и судскиот писар Стојче, зет на Илија Јанов, бил против собирањето пари, зашто и тој сметал дека децата се невини.

Како одговор на тоа, властите изнудиле судењето да се префрли во Битолскиот суд, при што било отстрането влијанието на веќе споменатите судии Симиќ и Јовановиќ, кои биле наклонети кон учениците.

СУДЕЊЕТО – ПО СЦЕНАРИО

Така, судењето се закажало и се одржало во Битола, односно, во Битолскиот суд, но со задоцнување од неколку месеци. До денот на судењето, децата исчекувале со надеж дека Битолскиот суд е надвор од влијанието на прилепската официјална политика, па ќе биде до крај праведен.

Судењето започнало со читање на обвинението од страна на обвинителот. Учениците, инаку сите малолетни, имале земено по еден бранител – адвокат. Во одбраната учествувал и адвокатот во Прилеп, Танасије Илиќ, инаку комунистички пратеник и, се разбира, тој бил премногу ангажиран околу нивната одбрана.

На судењето сите ученици упорно ги отфрлиле обвиненијата. Во исто време, оние, кои во истражниот затвор во Прилеп потпишале признание дека се сторители на делата што ги товарат, изјавиле дека признанието го потпишале под принуда и закана дека ќе бидат мачени, па и ликвидирани.

Еден од нив бил и Панче Тодоровиќ, кој претходно, односно, за време на полициската истрага, другарите ги терал да потпишат вина.

Сите адвокати настапиле со една, речиси идентична одбрана, дека нивните клиенти, кои се малолетни, не ни можеле да бидат сторители на кривично дело, а уште повеќе да бидат прогласени за виновни. Но, целото судење се одвивало како режирано сценарио.

Одбраната била игнорирана од судот, а во еден момент судијата го прекинал адвокатот Танасије Илиќ во исказот, односно, не му дозволил до крај да се произнесе во одбраната. Тогаш сите сфатиле дека залудно е ангажирањето на толку голем број видни адвокати, кога власта однапред била решена да ги осуди.

ОСУДЕНИ НА ЗАТВОР ОД 6 ДО 16 ГОДИНИ

Без ниеден материјален доказ, ама точно без ниеден, судот донел пресуда, сите 14 малолетници да бидат прогласени за виновни и осудени од 6 до 16 години затворска казна. Најмалите казни им биле изречени на Панче Тодоровиќ и Иван Арнаутовиќ, што веднаш им дало до знаење на сите дека нивното вмешување во аферата има сосема друга цел. Сето тоа било монтирано, со цел да се замачкаат очите на останатите ученици, како и на целата јавност.

Овие двајца биле пуштени од затвор со неиздржана казна. По пуштањето од затвор, и Панче и Иван, веднаш биле запишани на факултет, и подоцна станале и професори.

Според убедувањето на сите обвинети, како и според исказите на другарите на Балабан, и пред судењето, а и во затворот во Пожаревац, сите сметале дека Панче и Иван биле, всушност, тајно уфрлени агенти на „Црната рака“, преку кои се доаѓало до директни информации за сите.

По изречената пресуда, веднаш сите бранители вложиле жалби до повисокиот суд, меѓутоа, повисокиот суд наједноставно и без образоложение само ја потврдил првостепената пресуда.

По кусо време осудените биле испратени во Пожаревац на издржување казна, и тоа во специјален затвор за малолетници. Единствено само Живоин Раденовиќ не бил испратен во Пожаревац, туку во Скопје, зашто тој фактички имал 21 година и можел да издржува казна во затвор за полнолетни лица во Скопје. Во затворот во Пожаревац наишле на едно, покрај сите познати околности, пријатно изненадување. Сместувањето било удобно, со потполно светли соби и со достојно однесување кон секој. По точно 5 години, како примерен, Бутикоски бил помилуван, односно, отпуштен од затвор, иако бил осуден на вкупно 12 години затвор. Инаку, тој бил казнет на подолг затвор, зашто не потпишал признание… Сите другари на Балабан, кои потпишале признание, биле осудени на покус рок на затворска казна, зашто тоа потпишување им било земено како олеснителна околност.

Додека биле во затворот во Пожаревац, во посета дошол Жика Лазиќ, шеф за јавна безбедност на Вардарска бановина. При посетата, заедно со управникот на Заводот за малолетници, ги повикал сите и ги прашал: „Кој е Панче Тодоровиќ?“ Панче се јавил, а овој го повикал поблизу до него и го прашал: „Кој е виновен за вашата афера?“. Панче јасно и јавно одговорил: „Полицијата во Прилеп“. Жика Лазиќ веднаш се разбеснил и се обратил со зборовите: „Овие младинци не треба никогаш да бидат ослободени.“

И од овој исказ на Панче Тодоровиќ на сите јасно им станало дека истиот веќе ја познавал целата состојба, и затоа со него престанале да контактираат засекогаш.

СÈ ПОТЧИНЕТО НА НЕНАРОДНИОТ РЕЖИМ

Сето сведочење на Илија Бутикоски од неговиот живот зборува за еден ненароден великосрпски режим, кој не бирал средства да го асимилира македонскиот народ.

Во такви услови, каде што на секој чекор претстоела опасност од завери, афери, измислени и монтирани случаеви, тешко било човек јавно да се изјасни кој е и што е. Народот, посебно оној кој бил неписмен или полуписмен, многу тешко можел да ги разбере тогашните состојби, па затоа, наједноставно, во тоа време голем дел од македонскиот народ се прокламирал како Срби. Сите луѓе, особено во Прилеп, биле и останале по душа и срце само Македонци, но во јавноста често се декларирале како Срби, само поради стравот од насилството.

Тогашниот озлогласен Василије Трбиќ како да бил измислен лик за спроведување на великосрпскиот режим во срцето на Македонија. Тој не бирал средства, преку живи луѓе одел во остварување на целите и идеалите на великосрпските челници, а сѐ врз грбот на недолжниот и напатен македонски народ.

Ова сведочење на вистината Бутикоски го направи на свои 86 години живот, зашто токму овој период му оставил најтрагични сеќавања за неговиот личен живот и за животот на целиот македонски народ. И не само периодот во кој се спроведувал тогашниот асимилаторски тек на великосрпските идеи, туку во лош спомен останале и неговите извршители. Сѐ било организирано и потчинто на тој ненароден, а пред сѐ антимакедонски режим… И школите, и полицијата, и судовите, и што уште не…

А дека е тоа ака, еве го за прв пат и официјалниот лажен и монтиран инспекциски извештај, поднесен од великосрпскиот инспектор од Прилеп, а заведен во Министерството за внатрешни работи на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, во Одделот за државна заштита под д. з. Бр. 9913 од 13 јули 1922 година во Белград.

МИНИСТАРСТВО УНУТРАШЊИХ ДЕЛА
КРАЉЕВИНЕ СРБА, ХРВАТА И СЛОВЕНАЦА
ОДЕЉЕНЕ ЗА ДРЖАВНУ ЗАШТИТУ
Д. 3. Бр. 9913.
13 јула 1922 године
у Београду.

Министарству Просвете,

Начелник округа битољског јавља:

„Ноћу између 27.и 28. априла ове године извршена је страховито убиство над Благојем Балабановићем учеником VII. разреда гимназије, који је у гимназији важио као ученик ретке способности, карактера и образовања.

По извршеном убиству пок. Благоје нађен је у своме стану везаних руку и сав искасапљен на један страховит начин, којим су некада убијали своје жртве само варвари.

После великог и напорног истраживања, полицијска власт среза прилепског по инструкцијама, које сам јој редовно давао, најзад је ушла траг злочинцима, који су по несрећи све ђаци прилепске гимназије наша жалосна омладина, који су склопили једно тајно удружење, назвавли га „Прилепска Лига“ и које је имала чисто терористички карактер. Ови завереници, сем двојице, похватани су, притворени и оковани, а двоје од њих потпуно дело признају, одкривши како намере и планове ове организације тако и разлог и начин извршење овога грозног убиства.

Како ово дело није обична криминална појава, већ је тако у тесној вези са општим приликама наше земље и како ова завереничка дружина веома вероватно, има везе се каквом превратничком организацијом, то ми је част упознати Господина Министра са детаљима њеним, како би се сарадњом и осталих околних округа у којиме такође ове дружине морају да постоје, је ушло у траг и сузбила њихова разорна акција.

Историјат целе ово афере је следећи:

У почетку школске године ђаци виших разреда прилепске гимназије, младићи у пуном добу развића пубертета, приметили су да извесни професори ступају у пријатељске, интимне па и љубавне односе са неким ученицама гимназијским. Овај однос пострекао их је на љубавну суревњивост и мржњу према својим професорима. Када су поступци професора г. Симоновића / ово све по изјавама окривљених и притворених Панче Тодоровића и Константина Домазетовића, који своју кривицу потпуно признају / постојали све слободнији, 13. ђака гимназијских склапају своје тајно друштво под горњим називом, а по примерима сензационих романа и американских филмских атракција, заклињу се на највећу тајну, под маскама држе своје седнице по принципима болшевичких „тројки“ доносе одлуке, које одмах и извршују, од којих је једна убијство пок. Благоја Балабановића.

Први криминални акт ове лиге, јесте покушај палења прилепске гимназије. Само неспретношћу ових ђака а нарочито оних, који су директно имали дело да изврше, огромна зграда прилепске гимназије није изгорела, сам план извршења овога дела био је у детаљима израђен. Улази су још раније били припремљени за продирање споља у зграду. Гас, као средство за паљење унет је од стране извршиоца на време. Страже, које су имале да обезбеде, да се дело не спречи биле су постављене. Али је тада убијени пок. Благоје Балабановић одустао од извршења овога дела, а на његово место упућен други, који изгледа, да није имао тако много куражи да изврши ово дело, већ је одмах пошто је запалио петролеум утекао не сачекавши да види резултат свога рада.

Сад настаје оно што је најстрашније, оно што мора да боле сваког нашег правог родољуба, а што страшно карактеристише култ наше младежи и даје тако ружне перспективе за његову будућност. Завереници се састају да донесу одлуку на који ће начин казнити издајника пок. Благоја. Седница је била врло карактеристична. Сви сем двојице завереника гласали су да се пок. Благоје за издају Лигиних тајни казни смрћу. Кад је се приступило начину извршења ове казне, онда је решено: Да се набаве отровни медикаменти, који могу проузроковати смрт: хлорофолм, који може послужити за опијање и најзад ножеви, штилети, револвери као средства за директно убијање. Све су ово завереници набавили.
Прво су обили Апотеку г. Дамчета Сумиџијевића и одатле покрали поменуте хемикалије. Да би маскирали циљ ове крађе они су обили и фијоку где се налазио новац све испретурали и поразбијали а најзад на сам писаћи сто апотекаров, у коме му је стајао новац, извршили су велику нужду, јер су на тај начин хтели манифестовати своје привидно незадовољство што нису нашли паре.

Сада се држи нова седница, на којој се решава, да се пок. Благоје убије ножевима.

Одређују се пет лица или боље рећи јављају се пет лица, који се као „Свесни чланови Лиге“ нуде, да сами изврше овај гнусни злочин. Одређују се стражари и то двоструки. Једни, који ће пазити на саму кућу убијеног а други на споредне улице. Поново пада заклетва и претња, да ће сваки бити убијен, који би било тајну одао или не извршио дати му задатак.

Колико су ова деца далеко отишла у својој уобразиљи нека послужи као пример следеће:

До дана самога извршења смртне пресуде над Благојем никако га нису пуштали из свога друштва. Одлазили су са њим на свадбе, весеља, тако да нико није могао, па ни сам Благоје, приметити ни најмање незадовољство према себи а најмање, да ће од стране његових најбољих другова бити предузети ма шта противу њега.

27. априла пошто су се сви другови растали са Благојем, он је отишао својој кући и седео у својој соби читајући школске ствари. Његови родитељи отишли су на неку свадбу, а он као приљежан ђак остаје да ради. Завереници убице, њих пет на броју увукли су се у авлију пре одласка родитеља пок. Благоја и чекали када ће се свет смирити у околним кућама, да би приступили извршењу смртне казне. Тајанствено, сви под маскама ушли су у стан пок. Благоја и како се види из протокола увиђаја извршеног на лицу места, одмах по самоме убиству, они су Благоја прво савладали, везали му руке потом саопштили пресуду, према којој он име бити убијен као издајица Лиге а за овим су га убили и то тако, судећи по броју рана, да је сваки морао бар неколико пута ударити га ножем. Карактеристична је рана на самоме врату, која по велични својој не сумњиво утврђује факт, да је отворена од више удараца разних ножева.

Када су родитељи по повратку открили леш убијеног Благоја и кад је позвата била полиција, први који се нашли на лицу места да помогну иследној власти, „да нађе убице“ били су баш ови стварни завереници – убице.

Да би одстранили сваку сумњу са себе, своју улогу лажних глумаца извели су са највећим успехом сутрадан на пратњи. Они су свога друга, кога су убили ставили у мртвачки сандук и износили и уносили и из куће и цркве, па најзад и у гроб спустили све ово пропраћајући изјавама великога бола за својим добрим другом Благојем и претњама убицама пок. Благоја. Један од њих – Доманзетовић – ишао је у групи тако далеко, да је чак пао за време пратње у несвест, а цео свет га је сажаљевао као искреног друга пок. Благоја. Други – Тодоровић – добио је на сам дан пратње од родитеља пок. Благоја као његов добар друг све одело покојниково, које се је и у моменту његовога притвора на њему нашло.

За два месеца после извршеног убиства поред свега трагања и неуморнога рада полициских органа никако се није могла ова ствар расветлити, мада су неколико лица, на која је пала сумња и притворени. Најзад је власти дошло до руке једна пашкрила а за тим и једно анонимно писмо које је после брижљивог истраживања однело нас на прави пут.

Бојећи се, да овако занесена а покварена деца не даду отпо(!) своја поуздања, испитивали смо, ко је од њих на најслабији телесно и на неразвијенији умно, па да од њега почнемо истрагу. Међутим, у току овога самога одређивања лица, пошло нам је за руком да добијемо признање Панче Тодоровића ђака VII. разреда гимназије, једног од најбољих ђака уопште у гимназији. Његово признање несумњиво је верна фотографија целога овога догађаја и моралне свести наше средношкољске младежи. Свака и најмања околност која је се појавила у његовоме признању, најпотезније откривала је и поклапала се са ислеђеним околностима самога убиства. Тако: када је Панча означио прибављена оруђа за извршење кривичнога дела и где су иста прикривена, она су заиста тамо и нађена. Када је показао начин њихових састанака у кући главнога завереника Ивана Арнаутовића и када је о томе упитана газдарица Иванова и претресен стан Иванов све је се једно с другим тачно поклапало.

После Панчинога признања и суочења са окривљеним Константином Домазетовићем и после дводневног утицаја на овога последњег успело је се да и Домазетовић да своје потпуно признање, акцептирајући до словце све оно што је окривљени Панча признао.

Надам се, по свему што сам код осталих притворених приметио, да ћу и њихова признања имати за који дан.

Ма да по свему до сада изложеном изгледа, да ова ствар нема некога дубљег широког корена ипак из приватних разговора, које сам имао са окривљеним Панчом и родитељима притворених, од којих већина су згранути радом своје деце, видим, да је цела ова организација створена зато да неком другом вишем циљу за то, да послужи као просто оруђе, машице за извршење извесних многогрупијих, вероватно, превратничким намера. Ово изводим нарочито из следећег: када су Панча и Константин признали преступ и да су извршиоци овога дела, онда су ме стали преклињати да заштитим не њих, него нихове родитеље, јер су чврсто убеђени, да ће бити поклани. Када сам им казао, да су сви завереници притворени, они су погледајући се међусобно казали дрхтећи: „Ал они други“. Која су та друга лица од којих се ови окривљени толико плаше, за сада сам тек на путу сазнања, јер сам код једног од одбеглих, а који је изгледа био један од шефова ове друге организације – Жика, бив. архивар Првостепеног суда – нашао једну фотографију, на којој је сликано 13. лица, тачно по типу образовања бољшевички „тројки“, где се тројица држе левим рукама, други пак окренути леђа уз леђа са наслоњеним главама а више њих крстача. Када сам ова слику показао окривљенима Панчи и Константину, они су на мах силно побледили и тада Панча као отреситији само рече: „Сад ми је све јасно, то су они“. Употребићу све да сва ова лица пронађем, јер сам уверен, да су ово лица која састављају ту другу тајну организацију, која је од ове ђачке организације стварала своје слабо оруђе. Неколко њих са ове фотографије већ су ми познати, то су синови најокорелијих бугараша, који су у много и много случајева имали везе било са бугарским четничким организацијама, били да су у њима учествовали или се раније видно истачинали као комунисте.

Част ми је доставити предње с молбом ради увиђаја.

По наредби
Министра Унутрашњих Дела.
Инспектор,

Нема Коментари

Коментирај