1968: ВИС

ВИС „Електрони“

ВИС „Електрони“ се вбројуваат во пионерскиот обид за формирање на рок ситуација во Прилеп. Тоа се случило во далечната 1963 година, кога за првпат се појавиле под името „Скитници“. Многу брзо се преименувале во „Сканија“, за потоа да станат „Електрони“. Музичкиот век го завршиле како „Сен-Ел“, односно група, која била формирана од членовите на „Сенки“ и „Електрони“.
1968 година
Членовите на прилепскиот бенд “Scania”. Иако опстојувал само 2 години, бендот “дрмал” на прилепската музичка сцена. Членови (од лево кон десно): 1. Солески Иван – ритам гитара; 2. Петкоски Стојан – соло; 3. Миле “Цм’бата” – тапани; 4. Спире – саксофон (во тие времиња учител по музика во музичкото училиште во Прилеп); 5. Мирче – труба; Николоски Кирил “Шефо” – менаџер на бендот.

ВИС „Електрони“ го сочинувале: Стојан Петкоски – соло гитара; Иван Солески-Соле – ритам гитара; Кире Николоски-Грбе – бас гитара; Миле Мирчески и Мице Минески – тапани; Пецо Палеата, Мирко и Драган Секулиќ – вокал.

Епицентар на музичките случувања на ВИС „Електрони“ била МЗ „Ѓогдере“, а чести гости биле и во Крушево. Освен странските хитови, свиреле песни од „Ју Група“, „Индекси“, „Црвени корали“… ВИС „Електрони“ биле најдобри на првата гитаријада организирана во Прилеп во 1966 година. За овој настан пишувало и најпопуларното музичко списание од тоа време – „Џубокс магазин“.

ВИС „Електрони“ се расформирале во 1967 година, кога дел од членовите заминале на отслужување на воениот рок во ЈНА.

(Текстот е извадок од книгата „Прилепска калдрма“ од Наташа Мирческа).

Нема Коментари

Коментирај