Растението Verbascum adenanthum Born (Bornmüller) е ендемско растение кое се сретнува исклучиво во околината на Прилеп, на потегот од Маркови Кули кон манастирот Трескавец, чија околина се одликува со присуство на големи гранитни блокови помеѓу кои, освен Verbascum adenanthum, растат уште 3 ендеми: Centaurea karamani, Moeringia minutiflora и Asplenium macedonicum.
Verbascum adenanthum е откриено и регистрирано од германскиот ботаничар Joseph Bornmüller на 13 јуни 1918 година, на 1000 метри надморска височина во околината на Трескавец. Двата примероци од ова растение се наоѓаат во колекцијата на ботаничката градина во Берлин.
Коментирај