Велебит Рендиќ е роден во 1881 година во Трст.
Неговиот татко Иван Рендиќ е основоположник на модерната југословенска скулптура. Во Прилеп дошол во 1929 година како наставник по цртање во Прилепската гимназија.
На негова иницијатива формира група на уметници аматери од која подоцна ќе произлезат ликовните уметници: Пецо Коцески, Борко Лазески, Сотир Гулески, Киро Кузманоски, Миле Корубин, Ристо Лозаноски, Димче Маркоски, Благоја Папазоски, Јордан Грабулоски и други.
Работел во маслена техника и пастел. Покрај пејсажи, сликал портрети и мртва природа.
Починал во 1972 година во Трстеник.
Коментирај