Васил Костов

Васил Костов

Васил Костов е роден во 1939 година во село Ранци, Егејска Македонска. Училиште за применета уметност завршил во Скопје во 1960 година.

Бил на студиски престој во Париз, Венеција, Москва, Варшава. Живее во Прилеп, каде долги години работел како сценограф во Народниот театар „Војдан Чернодрински“.

Автор е на многубројни дела, главно масло на платно, но работи и во акварел, гваш и комбинирана техника.

Реализирал самостојни изложби во Прилеп, Битола, Скопје, Рипин (Полска), Ваљево (Србија) и др. Учествувал на педесетина групни изложби и ликовни колонии, а добитник е на бројни награди и признанија за сликарство и сценографија.

Нема Коментари

Коментирај