Шеесеттите години од минатиот век. Вработени во Архивот на град Прилеп.

Прилепскиот архив

Прилепскиот архив e формиран со решение на Народниот одбор на општина Прилеп, а со работа започнал во април 1956 година. Во почетокот на 1958 година, Архивот работел со 4 службеници и еден помошник-службеник.

Во своите депоа, во периодот од 1958-1962 година, Архивот имал преземено 52 нови архивски фондови и две збирки. Сите архивски фондови биле преземани записнички и се средувани. Средувањето е вршено хронолошки, по принципот на провиниенции, онака како што бил, кога бил жива регистратура. Биле обработени сите помошни книги, збирни белешки на материјалот и досиејата на фондовите.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc