Жарко Башески пред своето дело: „Филип II Македонец“...

Жарко Башески

Жарко Башески е роден во Прилеп на 11 август 1957 година.

Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1988 година, во класата на Петар Хаџи Бошков. Постдипломските студии ги завршил во 1998 година на матичниот факултет, во класата на Драган Поповски-Дада, каде што во тој момент работел како стручен соработник. Од 1988 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, каде што има остварено голем број активности (групни и самостојни изложби).

Имал студиски престој во Лондон од 1979 до 1982 година. Живее во Скопје и работи како редовен професор на Факултетот за ликовни уметности. Добитник е на наградата „Нерешки мајстори“ за скулптура од Друштвото на ликовните уметници на Македонија за време на 51-та редовна годишна изложба на ДЛУМ.

Самостојни Изложби:

2011 Венеција, 54-то Интернационално Биенале – Прескок
2010 Охрид, КИЦ “Глигор Прличев”
2010 Прилеп, Уметничка Галерија – Културен Центар „Марко Цепенков”
2010 Скопје, Културен Информативен Центар
2010 Њу Јорк,Галерија МЦ
2004 Скопје, Скулптури, Музеј на град Скопје
1998 Скопје Скулптура-Temple Hram, Музеј на Современа Уметност, Скопје
1997 Скопје, Уметничка Галерија – Даут Паша Амам – Скопје
1994 Скопје, Културен Информативен Центар
1993 Битола, Уметничка Галерија
1993 Прилеп, Уметничка Галерија – Културен Центар „Марко Цепенков”
1984 Прилеп, Уметничка Галерија – Културен Центар „Марко Цепенков”

Групна изложба (селекција):

2011 35-та Годишнина на Факултет за Ликовни Уметности, Музеј на Современа Уметност на Македонија
2008 Скопје, Плоштад Македонија, Музеј на град Скопје
2008 Бари (Италија), Презентација на Македонската Култура
2005 Њујорк Галерија, МЦ
2004 Скопје, Изложба од колекцијата на град Скопје
2004 Скопје, ДЛУМ Годишна Изложба
2003 Скопје, Портрет, ДЛУМ
1998 Скопје, Зимски Салон Уметничка Галерија
1997 Скопје, Зимски Салон, Уметничка Галерија
1997 Скопје, ХАФРА Галерија
1996 Скопје, Инсталација, Чифте Амам
1996 Скопје, Куќа на АРМ
1996 Г. Милановац (СЦГ), IV Интернационално Бианале на Минијатурна Уметност
1996 Скопје, Зимски Салон, Уметничка Галерија
1995 Истанбул, (Турција)
1995 Феитфиел, Арканзас (Америка)
1995 Скопје, Изложба на Применетите Уметности од Колонија во Прилеп,
1994 Скопје, Зимски Салон, Уметничка Галерија
1993 Скопје, Цртежи, ДЛУМ Годишна Изложба
1993 Скопје, Изложба на 14 професори од Факултетот за Ликовни Уметности, АНИМА Галерија
1993 Темпи, Aризона (Америка), Цртежи, Уметничка Галерија Ведерспон
1993 Скопје, Мала Пластика, Уметничка Галерија
1993 Скопје, Цртежи – Биенале, Национална Библиотека, Климент Охридски,
1993 Скопје, Зимски Салон, Уметничка Галерија
1992 Скопје, Зимски Салон, Уметничка Галерија
1991 Скопје, Мала Пластика, Уметничка Галерија
1990 Скопје, 10-та Годишнина од основањето на ФЛУ, АНИМА
1989 Скопје, II Биенале на Млади, Музеј на Современа Уметност, Скопје
1989 Скопје, ДЛУМ, Годишна Изложба
1988 Скопје, Дипломирани Студенти на ФФА
1989 Скопје, ДЛУМ, Годишна Изложба
1984 Скопје, Случување, Младински Центар

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc