Слободан Михајлоски - Данче: „Автопортрет“.

Слободан Михајлоски – Данче

Слободан Михајлоски – Данче е роден 1931 година во Прилеп. Завршил училиште за применета уметност во Скопје. Добитник е на повеќе награди и признанија. Починал во 2001 година.

„Слободан Михајлоски беше сликар на библискиот пејсаж. Каменот, воздухот и земјата. Она што беше авангардно во него е полемичната апстракција во пејсажот. Синиот колорит на неговите слики е израз на неговата смиреност, жолтиот со окер нијанси – неговата блага стимулација, црвено – портокаловиот е енергетскиот набој, а сивата боја ја гради композицијата.

Неговата уметничка зрелост беше во неверојатната харизма и способноста на толеранција, за нас обичните луѓе несфатлива, за него беше неподнослива леснотија.

Слободан Михајлоски беше сликар кој исклучително го негуваше прилепскиот пејсаж. Малкумина автори можат да го раскажат тоа кога почнал светот и како требало да изгледа. Михајлоски цел свој сликарски опус го посвети на тоа. Во полемизирање на бои за конфликтот помеѓу мигот и вечноста.

Авангардата на Михајлоски е генерализирана и се однесува на индикаторите на прилепското поднебје. Слободан направил групен портрет на сите нив за да може да покаже дека пејсажот на прилепскиот простор се ослободува од времето што се таложи“.

Автор на текстот: Јован Велески

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc