Ристо Калчевски

Ристо Калчевски

Ристо Калчевски е роден во 1933 година во Прилеп. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана. Бил професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.

Припадник е на апстрактното сликарство. Акцентот на неговите платна го става на густата текстура. Најголемиот број дела од раната фаза реферираат на некакви урбани фрагментирани пејзажи, перципирани од аеро-перспектива. Делата од подоцнежната фаза, кои се речиси монохромно обоени, индицираат на внатрешната флуктуација на енергијата на сликарската материја.

Во 1969 година ја добил наградата „11 октомври“.

Починал во 1989 година во Скопје.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc