Отон Полак...

Отон Полак

Отон Полак е словенечки сликар, графичар и ликовон педагог.

Тој е роден на 16 мај 1917 во Марибор. Во периодот од 1940/41 година студирал сликарство на Академијата за ликовни уметности во Загреб при професорите Крсто Хагедушиќ и Омер Мујадиќ.

Своите студии на Академијата за ликовни уметности ги продолжил по ослободувањето во периодот од 1945/48 година.

Тој припаѓа на првата генерација на студенти на новоформираната Ликовна академија. Дипломирал кај професорот Гојмир Антон Кос од каде што продолжил со постдипломски студии кај професорот Габриел Ступица (1948-1950). Графиката ја специјализирал кај професорот Божидар Јакац (1950-1952), со кого во текот на редовните и постдипломски студии создал повеќе од 60 цртежи.

Има учествувано на бројни ликовни колонии во Словенија и Македонија, каде што во 1963 и 1964 година бил гостин во Прилепската ликовна колонија.

Починал на 7 декември 2011 година во Марибор.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc